ПРСТ на чело или ХРКЉУШ у чело – Татјана Алексиќ

411

Какви суштества се луѓето што сите нивни мисли се обземени од форма и церемонија, чиј што единствен ментален и физички напор е како да дојдат на челото на масата.

Тие си задаваат себеси големи проблеми запоставувајќи важни работи за да постигнат вакви неважни нешта. Глупави, не гледаат дека не е целата работа до местото, и дека оние кои имаат вистинско место ретко играат вистинска улога. Колку министри владеат со кралевите? И кој воопшто е прв?

Гете во епистоларниот роман “Страдањата на младиот Вертер”, кој како штурмундранг ќе одекне низ цела Европа и ќе предизвика бран на самоубиства поради невозвратена љубов. Темата е страдањето на младиот Вертер поради љубовните маки, но генијалниот Гете ќе допре до многу општествени и суштински проблеми во Германија и Европа…

На прашањето “кој сака да седи на чело и во сѐ да е прв” одговорот и тогаш и сега е ист: “оној кој другиот го надминува со сила на сета итрина за да стаса до целта”, без мрвка емоции и товар на совеста. А кога ќе стаса на врвот или на чело на колоната, тогаш сите маси се негови, дур толпата се удира по чело а’ла Неле воТоп листа надреалиста, во скечот “Хркљуш” – удри се бекане, удри!

Ах како му се можело на Тито, на распаметениот протокол кој не го седнал претседателот на чело, шеретски да им одговори: “где год ја сео то је чело”.

Татјана Алексиќ

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.