Сарита Бредли, македонско девојче

1327

Половина Афроамериканка, половина прилепчанка, младата актерка и манекенка Сарита Бредли живее и работи во Германија, поточно, во Минхен и каде и да оди ја промовира Македонија. Неодамна Сарита имаше мала, но значајна улога во новиот филм на режисерот Оливер Стоун, „Snowden“ (Сноуден).

Таа била еден од ретките актери на сетот кои имале можност да се запознаат одблиску со славниот холивудски режисер и да разговараат токму на темата: Македонија.

Имено, режисерот се заинтересирал да ја запознае кога слушнал дека на сетот има Македонка… (Стоун во 2004 година го сними филмот „Александар Велики“, н.з.). Кој знае колку бил изненаден кога ја здогледал црномурестата Сарита?!

Оливер Стоун и црномурестата Македонка

Деновиве Сарита Бредли е во Скопје, а потоа заминува во родниот град на мајка си, Прилеп, каде што роднините со нетрпение ја очекуваат. Вели дека тука и се допаѓа буквално се, но најмногу ја сака големата порта на вратата од дедо и во Прилеп, како и стариот двор кој, за жал, неодамна го поплочиле па за неа ја изгубил старата драж. Често доаѓа во Македонија и како што вели, каде и да оди се претставува како Македонка. Токму така се претставила и за време на снимањето на филмот „Сноуден“ поради што била еден од ретките актери кои имале можност да зборуваат со големиот Оливер Стоун на теми кои немаат многу врска ниту со филмот за Сноуден, ниту со актерството, туку со актуелната ситуација во Македонија. Стоун го интересирало каква е политичката и социјалната клима во земјава и кој раководи со државата и бил воодушевен од податокот дека Сарита има македонско потекло.

Продолжува на страна 2