Деконструкција на џиновскиот ѕвер Т – рекс

1502

Научниците открија нов вид на тираносаур што ќе помогне во објаснувањето како Т-рекс се претвори во таков џиновски ѕвер.

Тим од научници од Универзитетот во Единбург заедно со колеги од Русија и САД, открија фосилизирани остатоци во Узбекистан и идентификуваа нов вид наречен Timurlengia euotica.

– Тимурленгиа бил со приближно големина на коњ. Тој бил „упорен ловец со долги, остри како жилет заби, со кои раскинувал месо“, вели Ханс Суес, претседавач со Одделот за палентеологија во Мационалниот музеј за историјата на природата при Смитсониан.

– Имал долги нозе, бил брз тркач, и најверојатно негови жртви биле тревопасни, но неговата брзина не е единственото за кое научнците се заинтересирале – кога завршила реконструкцијата на главата која тие ја пронашле, мозокот и очите им биле нешто многу познати.

– Претците на Т-рекс би требало да изгледаат многу слично на Тимурленгиа, рече Стив Брусати, водач на тимот од Универзитетот во Единбург.

Извор: Си Ен Ен