Благородното дејство на сливата ја враќа виталноста на организмот

114

Резултатите на истражувањата покажуваат дека консумацијата на дванаесет сливи дневно во период од осум недели го намалуваат „лошиот“ холестерол – ЛДЛ кај луѓе кои имале хиперколестеролемија.

Една неодамнешна студија спроведена врз животни покажала дека консумирањето суви сливи го зголемува антиоксидантскиот капацитет на организмот и намалува некои фактори на ризик од рак на дебелото црево.

Некои студиите покажале и дека употребата на суви сливи е превенција од намалување на густината на коските кај животните.

Оттаму произлегува дека консумацијата на сливи би можела да има позитивно дејство врз здравјето на коските кај жените во менопауза.

Енергетска и нутритивна вредност

Свеж плод на слива во 100 г содржи: 87 г вода, 11 г јаглеродни хидрати, 1,4 г диететски влакна и 0,7 белковини.

Од витамини во сливите најмногу има бета каротен (провитам А), витамин Ц, витамин Е, фолна киселина, нијацин и витамин Б-6, а изобилува со минерали: првенствено калиум, фосфор, калциум, магнезиум, натриум, железо и бакар.

Сливата содржи и топливи диететски влакна (пектин), кои дејствуваат благотворно при намалување на холестеролот во крвта и при запек.

Сливите имаат ниска енергетска вредност, само 46 калории на 100 г, околу четири пати помалку од лебот. Пријатниот вкус на сливите потекнува од петте вида шеќер и овошни киселини.

Споредбата на содржина на нутриенти во свежи и суви сливи (во 100 г) покажува одредени разлики: сувите сливи содржат поголема количина минерали, витамини (освен витамин Ц) и фитохемикалии./Утрински.мк

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.