Сарита Бредли, македонско девојче

3514

Економија и глума

Сарита отишла на студии во Минхен и иако сега заработува главно како актерка и модел, првично завршила Економски факултет на инсистирање на мајка и.

– Првпат снимив реклама кога имав само три години, а на девет години учествував во една емисија која се викаше ‘Mini playback show’. Од секогаш сакав да студирам глума, но мајка ми беше против и рече прво да студирам и да завршам нешто што има врска со економија, а потоа да правам што сакам. Во моето семејство никој друг не се занима со оваа професија. Татко ми е авио-инженер, а мајка ми толкувач и преведувач. Од сите мои роднини, освен мене, единствена врска со сцената има мојата братучетка Ирена Крстеска која е оперска пејачка. Токму таа ми е и најблиска од сите братучеди и си помагаме колку што можеме, раскажува Сарита.

По завршувањето на Економскиот факултет патот ја одвел во Сиднеј каде што ги земала првите приватни часови по глума.

Во Минхен се вратила во 2009 година, веќе сигурна дека знае што сака да работи. Добила работно место во филмската редакција на германската телевизија „Теле 5“ и се пријавила на кастинг за филмска улога. Познатиот германски режисер Олаф Итенбах веднаш и понудил улога во неговиот филм. И тоа, не споредна, туку главна улога. И оттука започнува нејзината самостојна актерска кариера. Следуваат различни проекти, различни големи и помали филмски улоги.

Сарита одлично го разбира и зборува македонскиот јазик и би била среќна кога би можела да работи и со некој македонски режисер.

– Многу ми се допаѓаат филмовите на Милчо Манчевски и би сакала да работам со него, како и со Дарко Митревски. Добив понуда за улога во филмот „До Балчак“ на Столе Попов, па тогаш дојдов во Скопје за да направиме пробни снимки, меѓутоа, поради времето задоцнија со снимањето, а јас морав да заминам во Франција, на Филмфест и не излезе ништо од овој ангажман. Од актерите ги сакам Лабина Митевска, Никола Ристановски, Верица Недеска, Кристина Леловац и Тони Михајловски, објаснува таа.

Продолжува на страна 4