Животна приказна | Од самохрана мајка со 36 центи во џебот до легендарна рок-бабичка | Фото/Видео

1271

Енергична и непоколеблива – најдобар е описот за Тина Тарнер, која на 26-ти ноември 2019 го прослави својот 80-ти роденден. Се потсетивме на предизвикувачкиот животен пат на музичката легенда која инспирира многу жени со нејзината внатрешна сила.

Anna Mae Bullock, позната по своето сценско име Tina Turner, стана позната во 1960-тите години пеејќи и танцувајќи за групата на Ike Turner.

Прославениот пејач го запознала во ноќниот клуб во St. Louis. Дотогаш настапувала само во црковниот хор во родниот Nutbush, Tennessee, но на сите им било јасно дека таа е исклучителен талент уште за прв пат кога застанала на сцената.

За насилството кое го претрпела од Ајк проговорила во нејзината автобиографија

Отпрвин, ѝ се допаднал Рејмонд Хил од пратечката група на Ајк, Kings of Rhythm, и со него наскоро имала страсна врска. Но, саксофонистот не бил заинтересиран за нешто посериозно и ја оставил откако го родила неговиот син Рејмонд Крег на 29 август 1959. година.

За Anna Mae, разочарувањето било составен дел од животот. Имено, нејзината мајка ѝ признала дека никогаш не ја сакала, а ја оставила кога имала 11 години за да избега од својот насилен сопруг Floyd. Две години подоцна, нејзиниот татко се оженил со друга жена и се преселил во Детроит, а нејзе и нејзината сестра Ruby ги испратиле во Brownsville да живеат со бабата Georgeann.

– Мојата битка започнала уште во утробата на мајка ми, ѝ признала музичката легенда на Опра Винфри во 45-минутното интервју од 2013. година. Страдав низ целото детство, сè додека не се разведов од Ајк.

Насилен однос со Ајк Тарнер

Разочарана од својот партнер и оставена со мало дете, сметала дека нема премногу опции. Баш поради тоа ја започнала љубовната врска со Ајк, за кој до тогаш имала само братски чувства.

Anna Mae Bullock, позната по своето сценско име Тина Тарнер, станала позната во 1960-тите години пеејќи и танцувајќи за групата на Ајк Тарнер.

Од пратечки вокал набргу станала главна ѕвезда на шоуто, во 1960. година го родила синот Роналд, а иако јавно признале дека нивната врска е далеку од совршена, ја крунисале со брак во Мексико 1962. година, кој не бил признат затоа што Ајк веќе бил во законски брак со друга жена.

Благодарение на сценската хемија и густиот распоред на настапи, Ајк и Тина станале музичка сензација во Англија и САД. Преработката на песната од Creedence Clearwater “Proud Mary” станала нивен најголем хит, продаден во над еден милион примероци и за кој ја освоиле престижната награда Grammy.

Кога Тина започнала да размислува за соло кариера, Ајк прв пат ја удрил. Во интервјуто за списанието Spin во 1985. година, Ајк шокира многумина со своето признание: Да, ја удирав, но не сум ја удрил повеќе отколку што просечен маж ја удира својата сопруга.

Каква врска има љубовта со тоа?

Тој секогаш ме удирал по глава, признала Тина во искрен разговор со Опра Винфри и открила дека морала да се подложи на пластична операција на носот, бидејќи ѝ бил скршен неколку пати. Со него останала заради децата, но и фактот дека тој воопшто не ѝ давал пари затоа што сакал да биде зависна од него.

Како што се влошувала неговата зависност од кокаин, така се засилил и интензитетот на нападите. Ја претепал со чевел додека се возеле со лимузина кон хотел во Далас, во јули 1976. година. Тоа било капка што ја прели чашата. Со отечено лице и крвави усни, избегала од нивната хотелска соба со само 36 центи во џебот. Барањето за развод го поднела следниот ден.

За нејзиниот живот и насилството што го претрпела од Ајк проговорила во нејзината автобиографија „Јас, Тина“ во 1986. година, според која е снимен фалениот филм „Што љубовта има со тоа“, во кој глуми Angela Bassett.

Tina Turner и Beyonce

Откако го напуштила Ајк, Тина започнала да ја гради својата музичка кариера од нула. Иако првите години биле тешки, нејзината упорност се исплатила во 1984. година, кога го издала својот трет соло албум „Private Dancer“. Вториот сингл ”What’s Love Got to Do with it” достигна до првото место на листата на синглови во САД во топ 100. Новата ѕвезда е родена.

Останатото, велат, е историја. Тина Тарнер има снимено десет студиски албуми во својата кариера, освои осум Греми награди, се појави во неколку признати филмови, а исто така е и во Rock and Roll Куќата на славните. Денес, таа живее во Швајцарија со 16 години помладиот сопруг, Ервин Бах, со кого е во врска веќе три децении, и ужива во пензија.

Денес, пејачката живее во Швајцарија со сопругот Erwin Bach

“Понекогаш мора да се откажете од сè за да се исчистите. Ако не сте задоволни со било што, ако нешто ве прави несреќни, ослободете се од тоа. Ќе откриете дека сте свои само кога сте слободни” – тврди Тина Тарнер.