Болест над болестите | Водечките експерти: “Не ја научивме лекцијата …”

968

СТО ГОДИНИ ОД ШПАНСКИОТ ГРИП

Тоа беше болест над болестите: Зафатила третина од човештвото, при што починале десетици милиони Водечките експерти: “Не ја научивме лекцијата …”

Тоа беше болест над болестите која зафати една третина од човештвото, починале десетици милиони луѓе и создала паника дека се приближува крај на светот.

Сто години откако избувнувна шпанскиот грип, научниците велат дека се научени некои лекции од најсмртоносната пандемија во историјата, но и дека светот, без разлика на тоа не е подготвен за нов глобален убиец.

Тие посебно предупредуваат дека отпорноста на антибиотиците и климатските промени би можеле да ја закомплицираат идната пандемија.

“Глобалната популација старее, многумина живеат со некои хронични болести, вклучувајќи ги дебелината и дијабетесот”, вели Caroline van de Sandt од Институтот за инфекција и имунитет на Универзитетот во Мелбурн.

Научниците предвидуваат дека следната пандемија на грип веројатно ќе биде еден вид на птичјиот грип, кој се пренесува на луѓето и дека по светот ќе се шири брзо по пат на воздушен сообраќај, кој во време на шпанскиот грип го немало. Тој би можел да убие, велат, до 150 милиони луѓе.

Van de Sandt и нејзиниот тим ги анализирале податоците за шпанскиот грип, кој го опустоши светот во 1918. година, а и пандемииите подоцна – азискиот грип во 1957. година, хонгконшкиот во 1968. година и 2009. година свињскиот грип.

Спротивно од повеќето други земји вклучени во Првата светска војна и со последичната цензура во медиумите, Шпанија беше неутрална и таму многу се пишувало за болеста. Тоа многумина ги наведе да заклучат дека болеста започнала од Шпанија, а името останало.

Денес, се верува дека болеста букнала меѓу американските војници. Убила несразмерно голем број војници и млади.

Научниците велат дека денес би било поинаку.

Неухранетост и прејадување

Во 1918. година, светот се борел со економските последици од глобалната војна и вирусот беше посмртоносен отколку што требал да биде поради потхранетоста.

Потенцијалната нова пандемија денес би се ширела во развиените земји, меѓу популација која тешко се справува со вишок килограми и рекордни стапки на дијабетес, велат научниците во студијата објавена во списанието Journal Frontiers in Cellular and Infection Microbiology.

“Од пандемијата во 2009. година, знаеме поверојатно дека луѓето со одредени болести (како што се дебелината и дијабетес) ќе бидат хоспитализирани или ќе умрат од грипот”, рече Kirsty Short од Универзитетот во Квинсленд.

Светот сега би бил соочен со “двојно оптоварување” на сериозна болест како резултат на неисхранетост во сиромашните земји и прејадување во оние богатите.

Глобалното затоплување би влијаело на други начини. “Климатските промени можат да предизвикаат промени во миграциските патишта на птиците и така да ги однесат пандемиските вируси на нови локации и потенцијално на повеќе видови птици”, вели Van de Sandt.

Со шпанскиот грип, постарите луѓе подобро се справувале. Научниците веруваат дека тоа било така затоа што постарите успеале да изградат имунитет преку претходните инфекции.

Повеќето од мртвите во 1918. година, околу 50 милиони луѓе, страдале од секундарни бактериски инфекции. Нив, во идните епидемии ги спречиле антибиотиците.

Но, денес, многу бактерии се имуни на антибиотици.

“На тој начин се зголемува ризикот дека луѓето во следната пандемија повторно ќе умираат поради секундарни инфекции, вели научникот Katherine Kędzierski, учесник во истражувањето.

На вирусите малку им е потребно

Научниците особено се загрижени за вирусот на птичјиот грип H7N9 кој убива околу 40 проценти од заразените лица. Овој вирус не може, бар за сега, да се пренесува од човек на човек.

“Сѐ не успеале да ја развијат оваа способност, но знаеме дека на вирусите им треба само неколку помали промени тоа да го реализираат и да предизвикаат нова пандемија”, рече Van de Sandt.

Иако, светот во 2018. година, со повеќе од седум милијарди луѓе, мегаградовите и глобалниот воздушен патнички сообраќај, едвај е препознатлив во споредба на век претходно, научниците велат дека на примерот на шпанскиот грип може да се научат многу лекции.

Пандемичните вируси по природа се непредвидливи. Ако експертите знаат кој вид на грип ќе се прошири, тие би можеле да инвестираат во широко достапна вакцина. Додека тоа не се случи, “властите мора да ја информираат јавноста за тоа што да очекуваат и како да се однесуваат за време на пандемијата”, рече Van de Sandt.

Студијата покажала дека во случај на нова пандемија, властите можат да ја користат комуникациската моќ на интернетот за да шират свест и насоки.

“Добро подготвената популација може да спаси многу животи. Тоа е лекција од 1918. година”, заклучува Van de Sandt.