Еве како да ја зголемите вашата плодност

138

Без оглед на тоа дали сте меѓу оние луѓе кои веќе подолго време се обидуваат да добијат бебе или едноставно, сакате да го забрзате процесот на оплодување, ви претставуваме неколку најчести совети од гинеколози или ендокринолози за зголемување на плодноста.

Водете љубов што почесто

Наместо да се оптеретувате со постојано мерење на базалната температура или со тестовите за овулација, подобро ќе биде да се препуштите на природниот тек на настаните и да водите љубов колку што можете почесто. Водењето љубов само за време на овулацијата може да ги наруши односите со партнерот. Затоа, водете љубов два до три пати неделно и ќе го покриете поголемиот дел од плодните денови.

Внимавајте на килограмите

Подолго време се знае дека машката дебелина е поврзана со пониско ниво на тестостерон и со поголем ризик од слаба ерекција. Овие мажи можат да имаат и разни спермални аномалии или намалена количина сперма во однос на мажите кои имаат просечна тежина. Кај жените со поголема телесна маса, се случува месечниот циклус да е нередовен, а не се исклучени ни спонтаните абортуси.

Не држете диети

Намалениот индекс на масти под кожата може да биде ризичен, особено кога се работи за редовноста на месечниот циклус. Кај жени со пренизок индекс на телесна маса, ризикот од спонтан абортус во првото тримесечје е многу голем. Кај преслаби мажи доаѓа до опаѓање на квалитетот на спермата.

Ограничете ги спортските активности

Претераната спортска активност ја нарушува хормоналната рамнотежа и доведува до послаба плодност. Затоа, ако сте страстна спортистка, а подолго време се обидувате да останете бремени, обидете се барем некое време да ги намалите спортските активности и да ги замените со некои поумерени вежби.

Контролирајте го стресот

Колку и да ви се чини како шаблон, стресот навистина делува на плодноста. Тој ве тера да консумирате производи кои ќе ве „утешат“, а всушност со тоа ви се блокира плодноста. Затоа, во таков период, опуштете се и правете ги оние активности кои ве прават среќни, кои ве опуштаат и со кои се чувствувате позадоволно.

Оставете ги цигарите

Обично кога ќе забременат, жените ги оставаат цигарите, а идниот татко, заради пристојност пуши надвор. Истото треба да го направите и вие ако се обидувате да забремените. Студиите покажуваат катастрофални мерења кога е во прашање поврзаноста на плодноста и цигарите. Кај жените пушачи се создаават помали јајце-клетки, а постои и поголем ризик од спонтан абортус.

Воздржете се од алкохол

Алкохолот може да предизвика нередовен месечен циклус и циклус без овулација. Така се зголемува ризикот од спонтан абортус и конгенитални аномалии кај плодот. И за овој проблем нека важи истото правило како и при возењето: Додека возам – не пијам!

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.