18 причини поради кои наставниците се херои на нашето време

1652

Ако некогаш сте си помислиле дека на наставниците им е лесно, дека нивната работа им е едноставна и лефтерна, размислете повторно. Или, барем, прочитајте ги овие 18 причини заради кои секој наставник кој посветено ја работи својата работа – е херој на нашето време …

1. Нивниот работен ден започнува мноооогу време пред да се огласи првото училишно ѕвонче, додека многу од учениците сè уште спијат.

2. И продолжува и откако ќе се испразнат сите клупи. (Знаете, часови, тестови, наставни планови … не се подготвуваат сами од себе)

3. Наставниците се мултитаскинг машини: Кој друг може во исто време да готви ручек, оценува писмени задачи и да им помага на своите деца околу домашните задачи?

4. Тие предаваат многу повеќе од лекциите од својот предмет.

5. Тие живеат и работат пред најстрогата публика во светот – децата.

6. Тие имаат трпение какво што ретко се гледа, потребно ако сакате да разберете и на мирен начин да ги решавате состојбите во училницата.

7. Тие имаат една од најважните работи во светот, а платени се како да работат една од најневажните работи.

8. И тоа малку што ќе го заработат, го трошат за купување на наставни материјали потребни за работа со децата.

9. Не постои ништо повозбудливо за наставник кога ќе види како неговите ученици апсорбираат знаење кое подоцна ќе ги води низ животот.

10. И ништо потешко и потажно кога ќе видат како млад и здрав ум ќе заталка од патот, затоа што неговите родители не го подготвиле на соодветен начин.

11. Тие секогаш пронаоѓаат нови начини своите лекции да им ги приближат на децата и да ги направат поинтересни и поиновативни.

12. Со достоинство се соочуваат со барањата на арогантните родители и не многу добро воспитаните деца.

13. Нивната решеност да подучуваат е поголема од решеноста на учениците да не слушаат.

14. Наставничката работа не е само една професија. Наставниците работат педесет работи. Тие се благајници, психолози, педагози, дадилки, туристички водичи …

15. Велите, паузата за ручек ви е куса? Обидете се да јадете за време на големиот одмор додека сте дежурен во ходникот, па потоа јавете се …

16. Чекаат со години за да ги соберат плодовите од својот труд и да ги видат своите деца да постигнат големи успеси.

17. Летниот одмор е одличен. Но, наставниците поминуваат добар дел завршувајќи ги документите од претходната година и подготвувајќи се за следната учебна година.

18. Иднината навистина е во нивните раце.