10 навики кои ве издвојуваат од толпата на некултурни жени!

3054

Не секоја жена е дама, а тоа нјдобро го покажува нејзиното однесување во општеството и основното воспитание, кое го носи од дома.

Овие нешта ја издвојуваат од “простите” жени!

  • Вистинските дами немаат тетоважи на видливите делови на телото. Затоа и се дами. Тоа за нив е интимна работа.

– Вистинските дами секогаш одговораат со “молам”, а не со “што е”. Основната култура е многу важна.

  • Вистинските дами никогаш, ама баш никогаш нема да запалат цигара на улица. Пушењето е резервирано за некоја просторија.

-Вистинските дами секогаш се облечени пристојно. Ниту се премногу, “скапо” ниту премногу просто облечени. Едноставно изгледаат добро во сите прилики.

  • Вистинските дами никогаш не се расправаат. Тие имаат став: Караницата не решава ништо и не носи ништо позитивно.

-Вистинските дами никогаш не пцујат. Вие никогаш нема да слушнете од вистинската дама грд или навредлив збор. Тоа им е испод честа.

  • Вистинските дами никогаш нема да си дозволат себеси да бидат во друштво на некултурните лица, било машки, или женски. Тие се тргаат од нив, бидејќи не го поддржуваат таквото однесување.

-Вистинската дама секогаш мириса добро. Не премногу, но секогаш мириса. Секогаш има некој пристоен парфем и со стил.

  • Вистинската дама има гордо држење. Исправен грб и сигурен став се карактеристики на достоинство.

Вистинската дама не носи многу накит. Суптилни обетки, тенок прстен и ланче, даваат впечаток на нежна и кревка жена.

Вистинската дама секогаш знае што сака, а што не. Вистинската дама секогаш вели молам и благодарам. Вистинската дама не е горда, таа е едноставно достоинствена. Вистинската дама не е арогантна, таа е воздржана. Вистинската дама не лаже, таа само не го искажува своето мислење. Вистинската дама не сака да изгледа како некој друг, таа има свој стил и манири.