Алберт Пајк со писмо објавил три светски војни што треба да го прилагодат светот на масонските доктрини и да доведат до создавање на „нов светски поредок“.
Алберт Пајк бил активен како масон од 1840 година и до крајот на својот живот, во 1891 година, ја имал највисоката титула – командант на редот. Тој ја напишал книгата „Морал и догма на античкиот и прифатен шкотски ред на масонеријата“, најобемната масонска книга во САД до денес. Во неа тој тврди дека масонеријата не е религија и дека секој што мисли така греши.
Денес, сепак, Алберт Пајк е главно поврзан со бројни „теории на заговор“. Тој на 15 август 1871 година, му напишал писмо на водачот на италијанското револуционерно движење, Џузепе Макини, и се засновало на визијата што ја имал за трите претстојни светски војни.
„Првата светска војна ќе мора да се случи за да ни овозможи да ги собориме руските цареви и да ја направиме таа земја тврдина на атеистичкиот комунизам.“
Продолжува на страна 2