Раздорот и несогласувањето меѓу британската и германската империја, предизвикани од агенти на Илуминати, империите ќе го искористат за да ја поттикнат оваа војна. На крајот на војната, ќе се воспостави комунизам, со цел да се уништат другите влади и да се ослабне влијанието на религиите“, напишал Пајк.
Веднаш паѓа во очи зборот „комунизам“ во 1871 година, кој бил измислен во 1785 година, четири години пред Француската револуција.
Писмото на Пајк уште попрецизно ги објаснува причините што ќе доведат до Втората светска војна, со употреба на одредени изрази што не постоеле во втората половина на 19 век:
„Потребен ни е комунизмот, за конечна социјална катаклизма!“
„Втората светска војна мора да се поттикне со употреба на разлики помеѓу фашистите и политичките ционисти. Оваа војна мора да се случи, така што нацизмот ќе биде уништен, а политичкиот ционизам да биде доволно силен за да се основа суверена држава Израел во Палестина. За време на Втората светска војна, меѓународниот комунизам мора да стане „доволно силен за да се спротивстави на христијанството, кое ќе биде воздржано сè додека не ни биде потребно за последната социјална катаклизма“, пишува Пајк.
Делот што најмногу ги загрижува современите љубители на катастрофалните предвидувања, а кој стана особено актуелен од 9 септември 2001 година, се однесува на започнувањето на – Третата светска војна: