„Третата светска војна мора да се разгори со искористување на разликите помеѓу политичките ционисти и водачите на исламскиот свет. Војната треба да се води на таков начин што исламот и политичкиот ционизам ќе се уништат едни со други. Во меѓувреме, другите народи повторно ќе бидат поделени.“
Писмото го објавил Вилијам Гај Кар, канадски поморски офицер и разузнавач, писател, теоретичар на заговор, обвинет дека е антисемит.
William Guy Carr
Тој вклучил наводен препис на писмото на Пајк, во средината на 1950-тите во книгата „Пиони во игра“, за „огромниот заговор што го открил“, а во 1959 година тврдел дека писмото се наоѓа во Библиотеката во Британскиот музеј во Лондон.
Сепак, Библиотеката писмено одговорила дека не поседува такво писмо.