Најголеми хакерски напади на билници | Лекарите работеле без податоци за терапии

729

Еден од водечките болнички ланци претрпе еден од најголемите сајбер напади во медицинската историја на Америка.

Компјутерските системи на Universal Health Care / Универзалните здравствени услуги, кои работат на повеќе од 400 локации, пред се во САД, престанаа да работат за време на викендот, а некои болници мораа да користат старомодни методи земајќи податоци и заведувајќи ги пациентите со пенкало и хартија. потврдено е од повеќе извори запознаени со ситуацијата.

Компанијата не одговори веднаш на барањата за коментар, но на својата веб-страница објави изјава дека нејзината „мрежа во моментов е прекината поради проблеми со ИТ-безбедноста“.

Како што можеше да се слушне неофицијално, целиот случај мириса на хакерски напад на Ransomware.

Ransomware е вид на малициозен софтвер за уцена кој ги зафаќа вашите податоци, па затоа оние што ве нападнале го користат за да ги продадат назад, односно да ви бидат платени за да можете повторно да пристапите до податоците.

Овој вид на хакерски напади стана многу чест, но не толку врз медицинските институции.

Еден пациент почина за време на напад на Ransomware на почетокот на септември во Германија, а претходно беше упатено барање за негово префрлување во друга болница, кој би можел да се нарече прв смртен случај поради Ransomware.

Овие типови на хакерски напади обично се изведуваат за време на викендите кога, како што претпоставуваат хакерите, нема доволно ИТ експерти во зградите.

Две медицински сестри од Universal Health Care, кои сакаа да останат анонимни, рекоа дека нападот започнал за време на викендот и дека медицинскиот персонал бил принуден да работи со пенкало и хартија.

Една од медицинските сестри, која работи во Северна Дакота, опиша дека компјутерите на почетокот драстично забавиле и дека дури не можеле да се уклучат во недела наутро.

Оттогаш, сите компјутери едноставно се исклучени, рече таа.

Друга сестра, од Аризона, рече дека компјутерите започнале да се исклучуваат сами.

Нашиот систем за лекови и рецепти е само на Интернет, така што беше навистина тешко, објасни таа.

Иако евиденцијата на пациентот е претежно на хартија, објасни таа, информациите за терапиите се претежно преку Интернет и се копираат само на картичката на крајот од денот.

Инженер за ИТ безбедност, со децениско искуство во болнички мрежи, Кенет Вајт наведува дека секое одложување на навременото реагирање на пациент поради Ransomware може да биде фатално за пациентите.

Кога медицинските сестри и лекарите не се во можност да пристапат до лаборатории, радиолошки или срцеви извештаи, ова може драматично да го забави третманот, а во екстремни случаи кога пациентите треба итно да бидат упатени на други институции за итно лекување, постои многу реална можност дека луѓето ќе умрат.