И жените не се искрени во сексот

1605

Експертот за секс вели дека никогаш не запознала жена која не кажала барем една од најчестите лаги во кревет – само за да му угоди на партнерот.

На прашањето зошто е тоа така, одговара: „Жените имаат потреба да ставаат други луѓе пред себе, тоа е вродено за нив, а истото се случува и во сексот“.

Таа откри некои од најчестите женски лаги во спалната соба:

Лажење за големината на пенисот

Нормално е да сакате да му дадете на партнерот комплименти во кревет, но да му кажете дека неговиот пенис е многу голем, не е многу добра идеја. Бокоди вели дека жените ја користат оваа тактика, особено со оние мажи кои имаат „синдром на мал пенис“, па затоа постојано бараат потврда.

Преправање дека немаат искуство

Некои жени, тврди Надија, се преправаат дека немаат многу искуство во кревет за да го подигнат егото на партнерот – дури и ако не му недостасува самодоверба.

Глумење оргазам

Надија ги советува жените да не лажат за својата кулминација за да му угодат на својот партнер, иако секој тоа го сторил барем еднаш. „Многу жени користат лажен оргазам како „оружје“ за да се стави крај на лошиот секс. Затоа мажите се убедени дека нема жена која не успеале да ја задоволат“.

Eat It Like You Mean It

Тајно се задоволуваат со вибратор

Под изговор дека одат да мијат заби или да се истушираат, жените одат во тоалетот и го довршуваат односот со вибратор затоа што нивниот партнер не успеал да ги доведе во кулминација.

„Ниско либидо“

Кога не се заинтересирани за партнер и кога ќе сфатат дека тие всушност не ги привлекуваат, жените избегнуваат секс под изговор дека имаат мало либидо или желба за секс.