Земјата е создадена по директен судир на две планети

2713

 Според истражувањето, предводено од истражувачите на Калифорнискиот универзитет во Лос Анџелес, планета ембрион наречена Теја, се борела со Земјата, кога имала само околу 100 милиони години.

Теја најверојатно била со големина на Марс или на Земјата. До сега беше познато дека Теја и Земјата се соочиле, но според најновите податоци нивниот удар бил челен, а не како што се сметаше претходно пропратен и неточен.

Моќта на судирот меѓу двете небесни тела го предизвикал создавањето на новата “заедничка” планета Земја, а отцепеното парче од нив ја формирало Месечината. Истражувачите исто така споредиле камења од месечината, донесени од три мисии “Аполо”, со вулкански карпи, кои се наоѓаат во Хаваи и Аризона. За нивно изненадување не биле пронајдени разлики во кислородните изотопи на камењата, кои исто така делат заеднички хемиски потписи.

Едвард Јанг, водечки автор на студијата и професор на Калифорнискиот универзитет, рече дека нема пронајдени разлики помеѓу кислородните изотопи на Земјата и Месечината. Според Јанг, ако Теја не била пресечена во Земјата, таа сигурно ќе прераснела во посебна планета.