Бидете внимателни со оргазмите, го влошуваат видот

994

Научниците откриле дека добивањето оргазми може многу да ги оптоварува крвните садови во очите и привремено да го влоши видот, објави „Сан“.

29-годишен маж од Саутемптон, Велика Британија, отишол во болница со жалба што не гледа со неговото лево око.

Тој објаснил дека ноќта имал “енергичен однос” и неговите проблеми се појавиле наскоро. Лекарите го испитале и откриле дека има крварење во окото предизвикано од зголемен притисок по оргазмот.

Во екот на сексуалниот чин, дишењето може да доведе до зголемување на притисокот на ретиналната вена. Сепак, експертите советуваат дека лицето во тој случај треба да остане мирно, бидејќи влошувањето на видот е привремено.

Експертите велат дека ризикот е поголем кај мажите отколку кај жените. Набљудувањата покажуваат дека припадниците на посилниот пол често го задржуваат своето дишење за време на секс.

Истражувачите пријавиле најмалку шест слични случаи во последно време.