Дали некогаш сте биле маѓепсани од некоја Водолја?

1061

Водолијата е најмистериозниот хороскопски знак, а љубовта на жената родена во овој знак е вистинска и единствена.

Неконвенционални, неортодоксни и склони кон боемски начин на живот со посебна група пријатели, жената Водолија е пример за многумина.

Тие се друштвени, интелигентни и пријателски расположени, а со тоа уживаат во убавите работи во животот, како што е уметноста.

Кога се во врска партнерот го ставаат на прво место и секогаш се искрени кон него. Одлично ги чуваат туѓите тајни и секој кој им е близок може да смета на нивната доверба, но и помош. Водолиите ќе направат се што е во нивна моќ да им помогнат на своите пријатели и семејството.

Исто така, со нив не е тешко да се разговара и секогап можете отворено да им упатите критика. Водолиите сакаат предизвици и не сакаат некој кој ќе им го зборува она што сакаат да го слушнат.

Нивните парнери не мора да стравуваат ниту од тоа дали ќе се обидат да ги претворат во нешто што не се. Доколку некој не им се допадне онаков каков што е, жената Водолија нема да се труди околу таква личност.

Не е на одмет да се спомене дека жените Водолии најчесто се исклучително разиграни и симпатични, дури и кога се обидуваат тоа да го сокријат.