Што жените во зрели години ги прави најзадоволни?

375

Кога жените ќе влезат во зрелото доба, најмалку им е важно дали мажот е убав, добро облечен или има извајано тело. Дамите во тие години најмногу сакаат партнерот да ги ислуша, покажува нова анкета.

– Не ми е грижа за изгледот, скапа облека и брзи автомобили. По напорен ден, само сакам мојот партнер да ме слушне кога му зборувам, вели извесна Анита од Загреб.

– Кога шефот на работа ќе ми го крене притисокот и морам да останам подолго за да ги исправам грешките на колегите кои пак, имаат поголема плата од мојата, едвај чекам да дојдам дома и да му се пожалам на својот сопруг. Меѓутоа, тој веднаш ме прекинува и ме советува што да му речам следниот пат на шефот, и сето тоа „проследено“ со упатства од Јутјуб… Јас само сакам тој да ме ислуша, а не да ги решава моите проблеми, вели друга испитаничка по име Тамара.

Една друга, британска студија пак, посочува дека мажите можат со часови да разговараат за политика, фудбал, филм или за омиленото пиво… Но, кога треба да зборуваат со партнерката, нивната концентрација и внимание не трае подолго од шест минути.

Според истражувањето, мажот просто не сака да ги слуша проблемите на својата партнерка. Тогаш се чувствува непријатно, оти по природа тој е силен, разумен, рационален, а не емотивен. Мажите претпочитаат да ги решаваат проблемите, а не само да слушаат жалење и поплаки.