“СААТ ТЕСТ” ОТКРИВА РАНИ ЗНАЦИ НА ДЕМЕНЦИЈА ! Сè што ви треба е хартија и молив

1510

Доколку постои можност да имате проблеми со меморијата, овој тест ќе го покаже тоа.

Одредени работи како тешкотијата да ги пронајдете вистинските зборови, слабата меморија и тешкотиите во комуникацијата се појасни знаци дека можеби не е баш сè во ред со вашиот ум.

Сепак, пред да стигне до оваа фаза, можете однапред да ги откриете првите симптоми на деменција, за да го забавите развојот на болеста.

Денес, постојат многу начини да се идентификуваат различни видови на когнитивно оштетување, вклучително и деменција. Еден од наједноставните начини е СААТ ТЕСТ.

Како се спроведува и како ја открива вашата состојба на умот?

Еден од едноставните тестови кои лекарите ги користат, а секој може да го направи сам дома, е СААТ ТЕСТ. За овој тест, кој е познат како „нацртајте го бројчаникот“, потребни ви се само хартија и молив.

– Ова е специфичен тест, дизајниран да го открие проблемот во рана фаза. Се користи за проценка на когнитивните промени кај луѓето. И тоа може да биде манифестација не само на деменција, туку и на голем број други нарушувања. Исто така, важно е да се разбере дека е невозможно да се дијагностицира „васкуларна деменција“ или варијанти од типот на Алцхајмерова болест, мешана деменција само со овој тест. Потребни се дополнителни прегледи – објасни Алексеј Мелехин, психоаналитичар и клинички психолог.

Спроведување на тестот

За да ја проверите состојбата на вашите когнитивни способности, потребен ви е голем лист со формат А4. Часовникот треба да го нацртате само со молив и неопходно е да се отстранат од видокругот сите часовници, и аналогни и дигитални, од секаков вид. Главната работа е дека ништо не се брише, ниту коригира.

Задачата на субјектот е да нацрта круг и да ги запише броевите од 1 до 12 така што истиот круг ќе изгледа како часовник. Следно е да се нацртаат стрелките кои го покажуваат времето 11:10.

Кога треба да бидете загрижени?

Пациентите со деменција не само што не можат точно да нацртаат што се бара од нив, туку обично ја игнорираат левата страна. Десната страна на мозокот ги контролира активностите на левата страна. Ова објаснува зошто левата страна на часовникот е непополнета, објаснуваат експертите. Луѓето кои боледуваат од деменција обично „паѓаат“ на овој тест затоа што на мозочните клетки од десната страна на нивниот мозок останал без кислород и умреле, објаснуваат лекарите.

Аларм е и ако им одзема премногу време за да завршат некоја задача, како и чувство на лутина дека не се способни да го направат тоа.

Што анализираат експертите?

Специјалистите ги проценуваат следните параметри:

1. Ориентација на личноста во времето. Односно, на пример, од субјектот се бара да ги распореди стрелките на десет минути до три, и тој мора да го нацрта соодветниот распоред на стрелките.

2. Меморија – човек мора да запомни дека има мали и големи стрелки, што значат и како треба да се наоѓаат на бројчаникот.

3. Перцепција – како личноста ги перцепира и дистрибуира броевите.

4. Топологија или визуелно-просторна ориентација – како човек може да нацрта круг, да постави броеви и стрелки во него.

5. Движење – како субјектот ја повлекува линијата: рамномерно или наизменично.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.