Неверојатно силно писмо од мајка до нејзината ќерка тинејџерка

1791

Некои родители се обидуваат да ги заштитат своите деца од сешто и поради тоа избегнуваат да ги плашат и оптоваруваат со тешкотии на кои би можеле да налетаат во своите животи.

А други пак родители, одговараат на своите деца така што према нив се однесуваат како према возрасни луѓе, како на мали персони.

Ако сметате дека по вас вториот начин на воспитување е подобар, тогаш шансите се големи дека ќе пронајдете многу корисни совети во следново писмо, напишано од една мајка до својата ќерка тинејџерка.

1. За три години може да те исфрлам од дома

Звучи грозно, зарем не? Да, дефинитивно. Кога ќе наполниш 18 години, ќе имаш две можности кои ќе ти бидат достапни:

Првата, можеш да одиш на факултет, а јас ќе ти бидам поддршка колку што ќе можам, сè додека не дипломираш и најдеш работа. Или ќе го одбиеш студирањето и ќе најдеш работа (никогаш нема да ти судам ако го направиш тоа). Но, во тој случај, ќе мораш да се грижиш за себе. Нема да поддржувам девојка од 18 години која не е образована, затоа што мислам дека тоа не е добра одлука. Имаш три години за одлука…

А татко ти и јас веќе размислуваме, како твојата соба да ја пренамениме – ќе биде тоа нашата спална соба.

2. Ти си прекрасна личност, ти си преубава, ти си умна девојка

Ти си многу подобра од мене. Навистина си прекрасна личност. 15 години те знам, а многу повеќе си ме изненадила отколку што некогаш сум сонувала дека ќе можеш. Ако некој не те разбира, тоа е нивен проблем (добро, тоа донекаде е и проблем на татко ти).

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2