Мачките не престануваат да фасцинираат со нивната појава и однесувањето. Тие се мистериозни и таинствени, а колку и да мислите дека знаете сè, вие за нив всушност знаете малку нешта.
Ако сте горд сопственик на мачка, проверете дали сте ги знаеле овие факти:
1. Мачките се единствени животни кои не се споменуваат во Библијата. Од таа фамилија се спомнати само лавовите. Се верува дека тоа е поради обожавањето на мачките во стар Египет.
2. И мачките се потат, преку шепите. Ако се исплашени или ако им е претопло, ќе остават влажни траги таму каде се движат.
3. Тие искажуваат љубов со очите. Ако ве гледаат и полека ги отвораат и затвораат, тие ви искажуваат љубов и доверба. Ако трепнете и мачката ви врати, тоа значи дека ве смета за пријател.
4. Предењето е лековито. Фреквенцијата со која мачките предат може да помогне во зараснување на рани и исцелување на скршени коски.
5. Немаат рецептори за благо. Тие се можеби единствени цицачи во светот кои не можат да го почувствуваат слаткиот вкус на храната.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 2