Италијанецот Нело Руџиеро е првиот човек во светот кој склучи брак самиот со себе и отишол на „меден месец“ во Египет, каде што, како што вели, стекнал нови интересни пријателства.
– Јас не сакам никого повеќе од себе си, рече Италијанецот.
Оваа луда идеја ја добил поради неговите родители, кои упорно сакале да го оженат и својот петти син.
На крај тие со радост го прифатиле овој „брак“.
На својата „венчавка“, што била пренесувана и на телевизија, тој пристигнал на бел коњ, а гостите мислеле дека се работи за прослава на неговиот 40-ти роденден.