„Добив работа пред еден месец, а мојот шеф од првиот ден почна нешто екстра да ми бара“

917

Пред еден месец добив работа и шефот почна сè нешто дополнително да ми бара, што не е во описот на мојата работа, дури и некои приватни работи обработив за него иако сум дипломиран правник.

Мене ми беше сè едно, иако другите велеа дека ме понижува, но секогаш љубезно ми се заблагодаруваше, љубезно замолуваше за услуга, а и така, тоа се случуваше за време работа.

Некогаш знаев да заминам и половина час, па и еден час порано од работа, а ми се сметаше 8 часа, така што сè беше во рамнотежа. Вчера ја добив првата плата, и што да видам, уплатена двојно поголема сума. Одам во неговата канцеларија и го прашувам да не е случајно некоја грешка, а тој со мирен тон ми рече нема грешка“ … „заслужуваш двојна плата“.

Човекот ми уплати двојна плата, Божиќен додаток и уште една дополнителна плата затоа што цело време му помагав. Не барав ништо, ниту пак се надевав на нешто …

Сепак има луѓе кои ги ценат другите и да нема забуна, да не помисли некој дека шефот и јас сме во некоја „љубовна врска“. НЕ, никогаш такво нешто не побарал од мене.

Тој едноставно е добар и чесен човек!

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.