СУПЕР ВУЛКАН КОЈ МУ СЕ ЗАКАНУВА НА БАЛКАНОТ

3430

Многу се знае за познатиот вулкан Везув кој го уништил Помпеј со својата ерупција. Тогаш 4км3 карпи и лава излегле од внатрешноста на земјата и уништиле сè живо околу себе.

Меѓутоа, малкумина знаат дека Везув би бил само мало бебе во колку би се разбудило заспаното чудовиште Флегриски полиња (Phlegraean Fields), што во преводот значи Полиња кои горат или Огнени полиња.

Карта на локација на Campi Flegrei во неаполската област и мапа на Campi Flegrei која ја покажува границата на двете калдери. Најновите вулкани, по Neapolitan Yellow Tuff, сите се наоѓаат по работ на најмладиот, околу заливот на Pozzuoli

Целата област е релативно рамна и не е висока како Везув, она што ја карактеризира е бучавата, постојаното вриење, а над полињата се извишуваат смрдливите гасови кои мирисаат на расипани јајца.

Во текот на 80-тите години земјиштето се подигнало за 1,80 m. Прашањето кое се поставува е: Зошто овој раст не кулминирал со ерупција?

Истражувањата покажуваат дека особено цврстата плитка карпа над магмата спречила таа да се пробие низ површината и наместо да еруптира, магмата се проширила странично, што доведува до заклучок дека поголем дел од целиот реон може да експлодира во еден момент.

За разлика од Везув, овие полиња немаат само еден голем кратер, туку претставуваат калдерум, односно, геолошки облик кој го создава вулканот кога се урнува самиот себе. На нив се наоѓаат неколку помали кратери, поточно 24, кои испуштаат сулфурни гасови, а повеќето од нив се наоѓаат под водата. Во античко време, за еден од тие кратери се раскажувало дека претставувал влез во пеколот.

Phlegraean Fields (Флегриски полиња) е името на овој супер вулкан кој се наоѓа под Неаполскиот залив. Последната ерупција која се случила во 1538 година траела 8 дена и била толку моќна што го создала Monte Nuovo, поточно, нов рид висок 400 метри.

Monte Nuovo

Силата на ерупцијата била толку силна што ги уништила дрвјата на далечина од 5 км, но сепак за стандардите на самите полиња ова била многу слаба ерупција. Претходно имало две јаки ерупции. Првата била пред 39 000 години, и тогаш е испуштена пепел на површина од околу 3,7 милиони km2, а втората ерупција била пред 15 000 години. Најстрашната супер ерупција е таа од пред 39 000 години кога 300 km3 лава и карпа биле исфрлени дури до стратосферата.

Самиот облак дошол дури до Русија. На оддалечените кафкаски планини, во јужна Русија, во пештерите се откриени слоеви од пепел, и не само тоа, откриена е пепел замрзната и зачувана во старите ледени слоеви и во глечерите на Гренланд.

Во тоа време, Европа била во ледено доба и на нејзините жители не им требало дополнително заладување, така што таа особено страдала.

Од Италија преку нашите краишта и Источна Европа тогаш паднало околу 20 сm вулканска пепел, а на Русија 5cm. При тоа сулфурниот отпад предизвикал вулканска зима и тогаш Светот се изладил за 4 степени на подолг период. Истото тоа заладување среде леденото доба довело до истребување на неандреталците во Европа.

Научниците се надеваат дека започнатиот проект за дупчење на овој вулкан повторно ќе заживее, и дека на тој начин ќе откријат како функционира овој заспан џин. Во 2010 година, од безбедносни причини, овој проект е стопиран откако научниците ја издупчеле првата дупка 500 m во длабочина за да ја измерат температурата на внатрешноста. Но, таа дупка би требало да биде уште подлабока, и доколку проектот би продолжил, таа ќе биде прва со која ќе се позанимаваат.

Нови сознанија од дупчењето на калдера

Додека некои веруваат дека овој проект не е безбеден затоа што ќе го разбудат вулканот и ќе предизвикаат ерупција, од друга страна вулканолозите веруваат дека дупчењето е единствен начин да се открие како и кога ќе еруптира супер вулканот.

Планирано е да се инсталираат сензори длабоко под земјата за да се измери дишењето на вулканот и а се проучи однесувањето на магмата. Критичарите на проектот сметаат дека истекувањето би предизвикало промена во притисокот што би можело да предизвика земјотреси и ерупции.

BBC се обиде да објасни какво влијание ќе има ерупцијата врз цивилизацијата. Како што е речено, огромните комори на магма биле формирани пред стотици илјади години, а колку подолго време ќе помине откако некој вулкан ќе еруптира со полна сила, толку поголеми и поинтензивни се силите под него.

Во декември 2016 година, италијанската Влада го крена нивото за ризик од ерупција на вулканот, откако геолозите ја измериле стапката со која се загреваат и деформираат огромни количини на материјал под калдерата.

Бидејќи магмата длабоко под површината под притисок се крева нагоре, состојбата се приближува до точката во која ќе дојде до нагло отпуштање на вулкански гасови и пренос на огромна топлина во површинските карпести формации и хидротермалните извори, што доведува до откачување и придвижување на механизмот за ерупција.

Mount Tambora, Indonesia – Проценетите региони на вулканска пeпел за време на ерупцијата во 1815 година. Црвените области ја покажуваат дебелината на вулканската пепел. Најоддалечениот регион (дебелина од 1 см) достигна на Борнео и Сулавеси.

Флагерските полиња во моментов се класифицирани како VEI7 (Volcanic Explosivity Index), што претставува индекс на вулканска експлозивност, и би можела да се споредува со силата на Mount Tambora во Индонезија, чија ерупција во 1815 година и донесе на Европа година без лето.

VEI7 (Volcanic Explosivity Index)

Она што агрижува кај овие полиња е тоа што до 2005 година тие забележуваат зголемување на акумулацијата на магмата под нејзината површина. Во 2012 година, дури и италијанската Влада издаде жолто предупредување, што значи дека научниците супер вулканот континуирано го следат.

Francesca Forni

Francesca Forni (Nanyang Technological University, Singapore) посочува дека, иако постојат знаци на будење, не треба да се грижиме затоа што до оваа ерупција може да дојде за едно 20 000 години затоа што магмата се исполнува релативно бавно.

До овие заклучоци се дошло со реконструкција на условите во кората во време на нејзиното формирање врз основа на споредување на хемиските потписи на магматски карпи од различни епохи, што им овозможило да ја утврдат моменталната фаза на циклусот на системот на магмата.

Forni посочува дека дури и малите ерупции што можат да се појават во раните фази на циклусот би предизвикале хаос во регионот. Иако овие научници тврдат дека не постои причина за страв уште неколку илјади години, карактеристика на овие вулкани е таа што никој не знае кога ќе експлодираат.

Младиот Плиниј забележува како еруптира Везув. Обоени бакарни плочи од Томас Бурк

Накратко ќе се осврнеме на ерупцијата на Везув. Имено, дека вулканот тогаш ќе експлодирал, никој не претпоставувал. Ден пред катастрофалната ерупција, населението го славело Богот на огнот на вулканот, чие родно место е токму во областа на Флегриските полиња.

Римска фреска со сцена на банкет од Casa dei Casti Amanti, Помпеј

Тој ден, робовите подготвувале ручек, додека другите се релаксирале и уживале. Единствено што можело тогаш да се забележи била пепелта, но многу брзо работите излегле од контрола и моќното чудовиште го уништило Помпеј и претворило во пепел се пред себе.

Во колку дојде до ерупција, таа би била катастрофална за целиот Свет и би можела да се спореди со метеорскиот удар. Во воздух би се кренале тони и тони пепел и би дошло до вулканска зима која би можела да ја промени климата на целата планета.

Веднаш потоа би се спуштила густа магла која така би можела да остане со месеци, а воздухот би имал силен мирис на сулфур. Целата таа вулканска пепел во комбинација со дожд би ги покрила земјоделските култури и тие не би биле за јадење.

После оштетувањето на земјоделските култури, би дошол економски пад, исто така, големата катастрофа би го погодила и воздушниот сообраќај. Како мерка за преживување, би било неопходно да се создадат резерви на храна, се разбира, и вода за околу десет дена, а луѓето би морале да носат маски на лицето.

Најлошо што би можело да се случи е Флегријските полиња и Везув да се активираат во исто време, затоа што не е познато колку е големо магматското огниште на овие полиња и дали е поврзано со магматското огниште на Везув.

Но, доколку се активираат двата вулкани, тоа би била најсилната ерупција во последните 80.000 години, а дека магматското огниште на Везув е исполнето, може да се заклучи од фактот дека од познатата ерупција досега на некои места овој вулкан пораснал до 20 m.

Можеби сè уште имаме илјадници илјадници години као што повеќето научници тврдат, но можеби тоа е сведено на неколку години, а можеби тоталната апокалипса е веќе пред нашите порти и ги чека своите последни минути.

Она, што е исто така многу интересно, е тоа што овој супер вулкан не е сам на нашата планета. Ги има многу. И секој од нив и страшен на свој начин, и секој се заканува, не само на нас, туку на целиот Свет.

18 вулкани кои можат да екплодираат во секоја секунда

Она што Флегриските полиња ги прави посебни е неговата близина на сите нас од Балканот, бидејќи со нивното активирање би дошло до тотален колапс на нашите животи, кои во еден момент би биле принудени да се борат за опстанок.

Некако додека ги слушате сите овие можни сценарија, сфаќате колку сме благодарни што сме поштедени, за можноста да уживаме, а сепак, го занемаруваме сето тоа, и животот го сведуваме на малите нешта кои се тотално небитни и ирелевантни.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.