Како лицето да ви изгледа свежо и убаво без шминка?

1488

Овие совети ќе ви помогнат како секогаш да изгледате свежо и убаво, без да треба да потрошите половина час на слоеви пудра, маскара и руменило.

Секоја вечер чистете ја кожата. Без оглед на тоа колку сте изморени и поспани. Користете квалитетни производи наменети за отстранување на шминката, тоници и креми.

Хидрирајте ја кожата. Пред да си легнете нанесете ладни облоги или коцки мраз на вашето лице. Еднаш неделно нанесувајте маска од глина.

Истакнете ги квалитетите. Ако очите се вашиот квалитет, секојдневно негувајте ја кожата околу нив. Ако трепките ви ја потенцираат убавината, нанесувајте бадемово масло за да останат здрави и убави. Правете редовен пилинг на усните, доколку тие се круната на вашето лице.

Пијте многу вода. Кратко и едноставно.

Мијте го лицето со сода бикарбона. Секој ден кога се туширате, земете мала количина сода бикарбона и истријте го лицето. Таа ја омекнува кожата и ги отстранува мртвите клетки.

Смејте се. Насмевката е моќно оружје. Дури и да немате совршено еднаков тен и идеално бели заби, насмевката е доволна сама по себе.

Хранете се здраво. Секојдневно внесувајте многу витамини во било кој облик.

Не излегувајте несредени. Тоа што немате шминка на вас, не значи дека не треба да се дотерате и да имате фризура.

Користете производи кои ја истакнуваат природната убавина. Лабело за усните, масло на трепките и хранлива крема – сосема доволно.

Работете на самодовербата. Кога ќе решите да го прикажете вашето „вистинско лице“ пред другите, тоа мора да го направите со самодоверба.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.