Погледнете како изгледаат најубавите училишта во светот

2136
Училиште за дизајн во Мелбурн

Училиштата треба да бидат места кои ќе ги стимулираат, поттикнуваат и ангажираат учениците. Ширум светот може да се најдат прекрасни училишта.

Некои од нив се дизајнирани за да им се спротивстават на природните катастрофи, додека пак други обезбедуваат образование за сиромашните.

Во продолжение ви прикажуваме дел од тие училишта кои ќе ве изненадат со нивната убавина и функционалност.

1. Забавиштетo ОА во Саитама, Јапонија

Ова училиште речиси целото е направено од контејнери со цел да биде што е можно постабилно и да нуди поголема заштита од земјотреси. Внатрешноста е исполнета со бледо дрво и светли училници кои им нудат на децата голем простор за да си играат.

2. Училиште за дизајн во Мелбурн

Училиштето за дизајн во Мелбурн, при универзитетот во Мелбурн, се карактеризира со структура во облик на дрво во главната просторија на зградата, а внатрешноста е исполнета со природни бои и мрежи.

3. Кампус „ТAC SEV“ во Тарсус, Турција

Во текот на денот, овој кампус може да изгледа како некој парк, но штом сонцето зајде, тој произведува топол, портокалов сјај.

4. Средното училиште Пенлеи и Есендон во Нидри, Австралија

Ова училиште се карактеризира со различни бои, а наведнатите ѕидови на зградата ѝ даваат интересен изглед, додека пак живописните бои создаваат богато визуелно искуство.

5. Коласколан во Шведска

Ова училиште било изградено во 2014-та година и од надворешната страна изгледа прилично едноставно, но во внатрешноста има многу светла кои танцуваат околу ѕидовите и се распрскуваат пастелно жолти и сини бои.

6. Меѓународното училиште Ајви Баунд во Бангкок

Ова училиште повеќе личи на замок отколку место каде што група деца учат за тајландската култура.

7. Стручното училиште „SRA POU“ во Камбоџа

Селаните може да ја посетат оваа градба од тули за да научат аритметика или како да започнат мал бизнис.

8. Забавиштето Фуџи во Јапонија

Архитектите на ова училиште сакале да им овозможат на децата да истражуваат без ограничувања. Овде учениците може да трчаат по покривот и да се искачуваат на дрвја. Овој простор во својот дизајн исто така вклучува и природа, односно училниците содржат вистински дрвја кои се протегаат нагоре.

9. Технолошкиот универзитет Нанјанг во Сингапур

Овој универзитет има зелена архитектура, почнувајќи од градините на покривот, па сѐ до неговиот ентериер.

10. Основното училиште Шунд во Кина

Ова училиште има патеки во воздухот кои оставаат сенки низ целата зграда.

11. Забавиште и јасли за деца Ханазоно во Јапонија

Ова училиште било финалист на светскиот фестивал за архитектура во 2016-та година. Неговите стилски училници изградени од дрво станале тренд во училишните дизајни во Јапонија. Флексибилноста им овозможува на децата лесно да се движат од област за игра, до поформална настава.

12. Училиштето за уметност Плајмаут во Велика Британија

Исто така и ова училиште било избрано како финалист на светскиот фестивал за архитектура во 2016-та година. Во неговата внатрешност се наоѓаат многу ѕидови украсени со уметничките дела на студентите.

13. Гимназијата Рестад во Копенхаген

Овде се практикува мешано учење, еден вид образование кое се потпира речиси исклучиво на компјутери и таблети. Децата учат заедно, во големи групи, поголем дел од денот и подалеку од традиционалната настава водена од наставници.

14. Гимназијата Васеда во Токио

Оваа зграда речиси целата е сива, дури и во внатрешноста, каде што има сиви ѕидови и црно бели седишта.

15. Училиштето за музичка уметност Гакуен во Токио

Ова училиште ја добило наградата на светскиот фестивал за архитектура во делот за високо образование и истражување во 2015-та година. Тоа им стои на располагање на личности од сите возрасти, од средно училиште па до магистерски студии и овде има стаклени ѕидови и долги линии за да се создаде чувство на длабочина.

16. Руско училиште за балет

Надворешноста на ова училиште е едноставна, но кога ќе влезете внатре, не можете а да не ги забележите дрвените и стаклени дизајни.

17. Индиско училиште

Во Бирмингем, Алабама, постои училиште кое им овозможува на децата да учат и внатре и надвор. Во 2016-та година, американскиот институт за архитектура му доделил награда за дизајн на образовни институции.