Три чаши млеко на ден водат до рана смрт

177

Факт е дека потрошувачката на млеко има и предности и минуси за здравјето на жените.

Научниците се категорични дека овој пијалок може да ја намали веројатноста од кршење на коските, поради содржината на калциум.

Според едно ново истражување, сепак, секојдневната консумација на млеко може да го зголеми ризикот од прерана смрт.

Лекарите велат дека високите нивоа на лактоза и галактоза, откриени во млекото, можат да ги зголемат хроничните воспаленија во телото, а тоа да доведе до развој на хронични заболувања.

Истражувањето беше спроведено во катедрата по хируршки науки на Универзитетот во Упсала во Шведска.

Водечкиот истражувач – професор Карл Миклсон вели: “Нашите резултати можат да ги предизвикаат препораките да се консумираат големи количини млеко за спречување на фрактури.”

Професорот вели дека новите откритија сигурно предизвикуваат загриженост за потенцијалната штета од млекото. Диетата богата со млечни производи е широко препорачувана за жените на средна возраст, со цел превенција на остеопороза.

Шведскиот тим од научници сепак, смета дека жените кои пијат две и повеќе чаши млеко на ден го зголемуваат потенцијалниот ризик да развијат рак на јајниците.