Љубовен напиток | За здравје, љубов и секс

160

Кога страдате од некое нарушување или заболување, најважно е да ги следите препораките на вашите лекари, но и да се распрашате кои природни лекови можете да ги употребувате за вашата состојба.

Овој домашен лек од два зачина, вода и млеко ќе ви помогне да го прочистите телото, црниот дроб, но и да го намалите ризикот од создавање камења во бубрезите.

Ставете една шолја вода да проврие, а потоа додадете една полна лажичка куркума и потоа уште една полна ѓумбир во прав. Измешајте и додадете една шолја млеко.

Потоа процедете и по желба засладете со мед.

Ѓумбирот и куркумата се намирници кои најбрзо ги исфрлаат отровите од телото, а нивната комбинација со млеко ќе го зачува организмот здрав и витален.