Еден сосема искрен хороскоп | Ќе ви забијат нож во грб кога најмалку се надевате

1259

Овие хороскопски знаци се НАЈЛОШИТЕ ПРИЈАТЕЛИ

Нема зборови кои би можеле да ја опишат нивната нечувствителност. Саможиви, по другите би газеле и плукале само за да се чувствуваат тие добро. Но, кога се дават, со себе повлекуваат многу луѓе. Дознајте кои се најголемите лоши момци/негативци во Зодијакот.

ЈАРЕЦ

Јарците се многу одбивни луѓе кои не знаат да ги покажат своите емоции, без оглед на тоа што сте им – љубовник, брат, сестра, сопруг, сопруга … Во состојба се никогаш да не ви кажат што навистина мислат за вас. Темни се, спори и најчесто кукавици кои бегаат од опасности. Во состојба се да ве остават на цедило, колку и да ве “сакаат”. За нив се вели дека се многу искомплексирани. Ретко кога се случува, зад овој знак да постои добар човек, способен за љубов … Но, тоа е реткост, па не очекувајте премногу.

ДЕВИЦА

Луѓе родени под овој знак се премногу тешки. Ништо не им е доволно, што и да им се даде. Едвај да имаат емоции, не знаат за љубов, и сѐ се сведува на секс. Дволични се и само чекаат момент кога ќе ви забијат нож во грбот. За нив, таа одлука ќе биде целосно планирана и нормална, бидејќи таквото решение е потврдено како најдобра опција за неа.

Поради нејзината совршено планирана дволичност и движења, нема да можете ниту во еден момент да се посомневате дека ви подготвува нешто зад грб и дека сака да ве “отстрани”. Кога ќе ѝ се сложат сите коцки, таа ќе ве предаде и ќе го открие вистинското лице. Девиците се големи нарциси кој немаат чувства за никого освен за себе.

СКОРПИЈА 

Ако на некоја Скорпија ѝ се заканува опасност, таа нема да се повлече или да избега, туку ќе повле уште многу луѓе со себе. Не се грижат за ништо, а уживаат во сексот, без разлика каков и да е, не можат без него. За нив се вели дека се љубоморни и ужасно посесивни, што понекогаш може да прерасне и во болест.

Кога ќе им направите нешто што не им се допаѓа, тие можат да се претворат во мало исплашено дете кое вика, плаче и ве мрази од дното на душата. Под површината која делува интелигентно, лукаво и опасно, всушност се крие емоционално незрела личност. Големи се злопамтила и ќе ви вратат кога – тогаш за нешто, што ниту вам не ви текнува.