На сите им е познато, пенисот е главната машка ерогена зона. Околу ова нема што да се зборува.
Меѓутоа, ако жените би се фокусирале само на неа (не дека тоа би им пречело премногу на мажите), сексуалниот живот би станал многу досаден.
Затоа, запознајте се со другите точки на машкото тело кои можете да ги поттикнете.
Уши
Збир на нервни завршетоци се наоѓаат во и околу ушите, што ги прави чувствителни на допир. Масирајте ја надворешната страна на увото со врвовите на прстите. Нежно стиснете ја ушната школка. Сето ова можете да го направите со усните и јазикот. Топол здив добро би ви дошол, уште ако и „случајно“ ви се откачи некоја воздишка или „мммм“, возбудата нема да ве одмине.
Усни
Иако на жените можеби им изгледа дека бакнувањето на мажите им е помалку битно, тоа не значи дека не уживаат и не ги чувствуваат придобивките од бакнувањето. Усните се осетливи и колку повеќе бакнувате, толку подобро е чувството. Мажите лесно се возбудуваат само од бакнување. Исто така, тоа е поврзано со принципот на кој работи машкиот мозок. „Штом се бакнуваме толку многу, значи ќе има нешто …“
Врат
Вратот секогаш е добро место за бакнување и поволни резултати. Но, има неколку работи што треба да ги имате предвид. Љубовните каснувања можеби биле интересни кога сте биле млади, но сега сепак треба да се контролирате малку. Усните нека ви бидаат влажни, но не ги лигавите. Не “кампувајте“ на едно место. Лесните бакнежи низ целиот врат во комбинација со стимулација на ушите се вистински хит. Лесно грицкање е добро, сè додека не му направите крвави подливи. Тргните најлесно што можете, така полека забрзајте го темпото. Со сигурно ќе ужива во тоа.
Продолжува на страна 2