Глава – тил
Тилот може да биде одлично место за стимулација. Особено што ниту самиот маж не го очекува тоа, па факторот на изненадување е додатен плус. Ќе ужива во лесна масажа на тилот, а тоа секогаш можете да го користите како одличен почеток за предигра. Сетете се само колку е пријатно кога одите кај добар фризер на миење коса.
Гради
За многу мажи, градите им се омилен дел од телото. Тие се секогаш добро место за масажа. Уште ако му промрморите колку добро изгледаат и како вечно би биле потпрани на нив и би ги бакнувале, Ваш е. Обрнете посебно внимание на брадавиците. Тие се многу чувствителни и со самото тоа совршени за стимулација. Допирајте ги, бакнувајте и цуцлајте ги. Како и кај сè друго, тргнете најлесно што можете и полека зголемете го интензитетот на сè што правите. Бидете внимателни да не претерате. Од време на време фрлете погледа на неговото лице. Ако ужива, Вашиот повремен поглед дополнително ќе го напали.
Внатрешноста на бутовите
Внатрешноста на бутот е одлично место за започнување со орален секс. Не мора веднаш да скокате на пенисот. Не е важно дали ги бакнувате, лесно, грицкате или што и да е, ќе се чувствува убаво.
Главчето
Еве, конечно, сме на пенисот (не биди двосмислени). Главчето на пенисот е најчувствителниот дел од машката анатомија. Со бакнување, лижење и допирање на овој дел нема да згрешите. Но, внимавајте, да не се фокусирате само на овој дел и да се занесете. Некои студии покажале дека мажите кои не се обрежани имаат почувствителна глава од оние кои се обрежани. Затоа, бидете внимателни со овие првите.
Продолжува на страна 3



















