Сите ние се обидуваме да го живееме овој живот најдобро што знаеме и умееме.
Турбулентните периоди и разочарувања се чести „гости“ на животниот пат, а не ни се непознати ниту болката и тагата. Сепак, не е се така црно.
Имајте на ум дека животот треба да се живее со пола пареа, а за да успеете во тоа почитувајте ги следните шест животни правила.
- Помирете се со минатотосо цел тоа да не ја уништи вашата сегашност. Вашето минато не ја дефинира вашата иднина, туку вашите постапки и уверувања.
- Што другите мислат за вас,апсолутно не треба да ве интересира. Важно е колку се цените себе и колку сметаме дека сте си важни за самите себе си.
- Времето лечи речиси сѐзатоа бидите трпеливи. Болката е минлива. „Раните“ не дефинираат, тие го објаснуваат нашиот живот и зошто сме такви какви што сме. Тие се наш предизвик и не тераат да бидеме посилни.
- Не го споредувајте вашиот живиотсо животите на другите жени, затоа што не знаете ништо за нивните животи. Доколку сите свои проблеми ги исфрлиме на куп и ги гледаме проблемите на другите, би ги земале своите проблеми назад што е можно побрзо.
- Не размислувајте премногу,затоа што сосема е во ред ако не ги знаете сите одговори. Понекогаш одговор не постои.
- Смејте се,затоа што не ги носите сите проблеми на целиот свет. Смеењето може да го разубави и најтажниот ден и да го направи животот поподнослив.


















