Македонија против Русија во Президент купот

1532

Македонија не успеа да се пласира на едно од првите три места во првата групна фаза на ракометниот Мундијал и во следната рунда ќе разигрува во „Президент купот“ за пласман од 13-16. позиција.

Противник на македонските ракометари утре ќе биде селекцијата на Русија која во А-групата го освои 4.место.

Русите имаат многу силен тим и тоа го докажаа на неколку натпревари кои ги загубија во драматична завршница. Така беше и вчера против повеќекратниот светски првак Франција (22-23).

Натпреварот Македонија – Русија ќе се игра денеска во Келн со почеток во 13 часот.