Русија подобра од Македонија

368

Македонската ракометна репрезентација ја продолжи серијата порази на СП 2019. Денеска Македонија во дуелот за пласман од 13-16.место загуби од Русија со 30:28 и утре ќе игра за 15.место против поразениот од дуелот Чиле – Катар.

Нашите ракометари добро го почнаа натпреварот и поведоа со 4:2, но потоа нападот „7 на 6“ направи серија грешки и противникот имаше водство од 8:4 по серијата 6-0. Во продолжение Македонија успеа да изедначи во неколку наврати, а последен пат беше 10:10. До крајот на првиот дел Русија создаде водство од 17:14.

На почетокот на вториот дел голманот на Русија имаше серија од неколку одбрани и противникот имаше највисоки на + 6 (21:15). До крајот на натпреварот Македонија по една серија од 3-0 успеа да намали на 27:25, но тоа беше што сторија избраниците на Раул.

Најдобар поединец на натпреварот беше голманот на Русија Виктор Киреев, кој имаше 18 одбрани, а Дмитри Житникот беше стрелец на 8 голови.

Најефикасен на натпреварот беше капитенот на Македонија Кирил Лазаров, а голманот Никола Митревски имаше 17 одбрани.