Правила за вечна љубов

580

За успешен брак потребно е да се заљубите повеќе пати, секогаш во истата личност, истакнува американскта новинарка и писателка Мињон Меклафин.

Треба да се научи како да се биде среќен во бракот, како да се биде вистински задоволен покрај саканото лице.

Има десет мудрости кои можат да помогнат во тоа, а се за двајцата партнери.

1. Никогаш немојте да бидете лути во исто време.

2. Не викајте еден на друг – освен ако во куќата избие пожар.

3. Дозолете му на партнерот да „победи“ во расправија кога ќе се укаже можност.

4. И кога ќе критикувате правете го тоа со љубов.

5. Не ги оживувајте вчерашните грешки.

6. Подобро занемарувајте го целиот свет отколку еден со друг.

7. Не одите на спиење пред да го решите проблемот.

8. Кажете му нешто убаво еднаш дневно на партнерот.

9. Кога ќе направите нешто лошо – признајте и побарајте простување.

10. Не заборавете дека се потребни двајца за танго. Никој од вас никогаш не е единствениот виновник, како што ни еден од вас не може секогаш да биде оној кој е во право.