Седењето е новото пушење, предупредуваат докторите кои јасно зборуваат за тоа колку денешниот седечки начин на живот е штетен за нашето здравје, особено кога станува збор за предизвикување воспаленија во телото.
За среќа, штетата може да се намали доколку на секој половина час станете и прошетате, редовно вежбате и ги консумирате овие намирници.
1. Шумско овошје
Редовното консумирање на шумското овошје ги намалува воспаленијата во телото благодарение на флавоноидите кои воедно му даваат и богата темна боја. Боровинките имаат најголем процент од овие флавоноиди, а исто така се богати и со витамин Ц и ресвератрол, состојки кои исто така ги победуваат слободните радикали кои предизвикуваат воспаленија. За максимална ефикасност, додајте шумско овошје во утринското смуди, помешајте ги во салатата или комбинирајте ги со зобната каша заедно со бадемите.
2. Јаткасти плодови
Јатките се најбогатиот растителен извор на омега-3 масни киселини. Оревите имаат најмногу омега-3 масни киселини, додека бадемите се еден од најголемите извори на најдобриот антиоксиданс, витамин Е, кој ги штити клетките од оксидација што резултираат со воспаленија. Најздрава варијанта ќе биде доколку помешате неколку видови незаситени јаткасти плодови и семки.
3. Ананас
Ова овошје го содржи најдобриот ензим за борба против воспаленијата, бромелаин. Секој дел од ананасот ја содржи оваа вредна состојка, но најголем дел се наоѓа во стебленцето кое е прилично незгодно за јадење. Обидете се да го измешате горкото месо од самото јадро со слаткото место од ананасот за максимално да ги искористите бенефициите на ова егзотично овошје.
4. Маслиново масло
Исто како лекот ибупрофен, така и маслиновото масло е одлична превентива за воспаленијата, спречувајќи произведување на ензимите COX-1 и COX-2. Најдобрата маснотија која ја познаваме, исто така го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести и помага при слабеењето, но само доколку се консумира правилно. Затоа нека маслиновото масло биде вашиот прв избор на масло за приготвување на храната.
5. Куркума
Своите лековити својства куркумата ги должи на состојката куркумин, која е позната по своите антиоксиданси и моќни дејства против воспалеијата. Освен тоа, докажано е дека куркумата помага при слабеењето, а овој зачин особено е ефикасен за губење на масното ткиво на стомакот.
Продолжува на страна 2



















