Кучињата подобро реагираат на песната „Single ladies“ на Бијонсе и на модерниот звук, отколку на делото „Мала ноќна музика“ на Моцарт и останатите композиции на класичната музика, покажуваат резултатите на експериментот „Музички преференци на домашните кучиња“, што го организираше компанијата „Сони“.
Како и луѓето и кучињата имаат свој музички вкус, се наведува во истражувањето, спроведено по повод презентацијата на новиот аудио систем ГТК-ХБ7 на „Сони“.
Во експериментот учествувале девет кучиња од различни раси на кои наизменично им биле пуштани хитови на Бијонсе, Џастин Бибер, Тејлор Свифт, Елвис Присли и Мартин Герикс и поголем број класични композиции на Бах, Пахелбаел, Моцарт, Бетовен и Чајковски.
Резултатите покажаа дека речиси две третитни од кучињата (62 отсто) спонтано повеќе сакаат да ја слушаат Бијонсе, отколку Бетовен и класичните композиции, се наведува во соопштенито на „Сони“.
Истражувачите на кучињата им пуштале по една популарна и една класична композиција преку два звучници со длабоки басови, пропратени со разнобојни светилки, кои трепкале во ритмот на музиката. Експериментот покажал дека кучињата подолго време се задржувале пред звучиците со популарна музика, што сугерира дека повеќе уживаат во слушањето енергични ритми.