Дознајте што изборот на милениче на вашиот партнер кажува за нивната верност.
Според студијата на веб-страницата за миленичиња Moggy or Doggy, во која учествувале 2.991 самци, мажите кои за домашно милениче имаат зајак или хрчак најверојатно ќе изневеруваат во врските, пишува Yahoo.
Имено, дури 64 отсто од сопствениците на зајаци признале дека барем еднаш го изневериле партнерот додека биле во врска. На второ место се сопствениците на хрчаци, од кои 53 отсто признале дека ја изневериле својата поубава половина.
Дарежливи прељубници
Сопствениците на зајаци, од друга страна, биле подарежливи на состаноците. Дури 73,4 отсто од испитаниците ја платиле сметката, 25,2 ја споделиле сметката, а само 1,4 отсто сметаат дека сметката треба да ја плати девојката.
Сопствениците на хрчаци имаат сличен модел на однесување. 70,1 отсто од нив обично ги плаќаат сметките, а 67 отсто носат цвеќе на првиот состанок.
Кучињата се многу лојални животни, а истото важи и за нивните сопственици. Имено, само 30 отсто од мажите кои имаат куче признале дека ги изневерувале своите девојки. Тие се исто така дарежливи. 76,8 отсто од нив најчесто ја плаќаат сметката, а 66 отсто носат цвеќе на првиот состанок.
Што е со оние без миленичиња?
Иако поседувањето домашно милениче сигурно значи дека потенцијалниот партнер може да се посвети на некој вид на долготрајна врска, тоа не мора да значи дека е помала веројатноста да ве изневери.
Имено, најдобри резултати во истражувањето постигнале мажите кои немале миленичиња бидејќи 29 отсто од таквите испитаници признале дека ја изневерувале својата партнерка.