Односот помеѓу мајката и синот е навистина нешто посебно и важно.
Но, мајките често пати знаат да погрешат и да не воспостават близок однос со своите синови.
Затоа, следете ги овие правила и бидете му најдобар пријател на вашето дете.
Никогаш не му се смејте на вашиот син
За секој маж, потсмевот на жената е трауматичен, особено потсмевот на сопствената мајка. Без разлика дали се смеете поради тоа што ги облекол панталоните наопаку, за цртежот кој го нацртал или пак бидејќи ѝ изјавил љубов на некоја девојка, потсмевањето ќе биде запомнето засекогаш, а што е најлошо од сè вашиот син нема да и прости поради тоа.
Одговарајте на неговите прашања
На која било возраст! Никогаш не давајте одговори од типот „така“ или „ќе разбереш кога ќе пораснеш“, туку трудете се да дадете одговор на неговите прашања. Доколку не го знаете одговорот, едноставно кажете му го тоа, подоцна истражете кој е одговорот и кажете му го. Доколку пак некое прашање ви е срам да го одговорите, кажете му дека тоа ве збунува и ви е потребно време за да размислите за одговорот. Децата секогаш имаат разбирање доколку на фин начин им ги објасните работите.
Прашувајте го за совет кога донесувате одлуки
Понекогаш децата знаат на многу лесен начин да ви кажат решение за некој проблем кој го мислите цел ден. Тие можат да го решат секој проблем. Без разлика дали се двоумите како треба да изгледа вашиот дом или дали нешто сте направиле погрешно, вашето дете секогаш ќе ви даде добар предлог или решение. На овој начин момчињата се учат како да станат мажи, бидејќи вие им дозволувате да ви помогнат во донесувањето на одлуки. Вие на вашиот син му ја покажувате вашата доверба и почит.
Заборавете на зборовите „ти реков“
Дури и кога веќе сте му кажеле за нешто, а тој не ве послушал, никако не употребувајте ја фразата „ти реков“. Не дозволувајте вашето дете да се чувствува како да се натпреварувате со него, бидејќи кога ќе му кажете „ти реков“, тоа ќе се чувствува криво, а вас ќе ве гледа како да сте среќна што сте победник. Дури и кога сте во право не зборувајте за тоа.
Фалете го
Многу е важно вашето дете да го фалите за секоја работа којашто ќе ја направи. Не наоѓајте мани во тоа што го прави, едноставно трудете се да направите да се чувствува гордо и способно.
Поддржувајте ги неговите желби и соништа
Кога вашиот син ќе ви каже со која професија би сакал да се занимава во иднина или пак дека е заинтересиран за некое хоби, поддржете го во тоа. Не ги уништувајте неговите соништа, туку дадете му целосна поддршка, а тој максимално ќе се труди да успее во тоа. Разговарајте повеќе на таа тема, давајте му совети, купете книги со таа тематика и слично. Додека се децата помали имаат многу идеи и желби, па затоа не е страшно да ги поддржувате. Кога ќе порасне тој ќе сфати која професија навистина сака да ја одбере.
Секогаш бидете на негова страна
Не само со зборови, туку и со дела. Никогаш не застанувајте на страна на професорот кога тој го критикува или пак не му викајте пред роднините и пријателите. Пред другите луѓе секогаш застанувајте на негова страна, вашиот син е секогаш во право! Ако се однесувате вака, тогаш вашиот син ќе бидат поотворен кон вас и ќе ви поставува секакви прашања, без да се плаши дека ќе му се развикате. Тој ќе ви верува. Секако доколку направи некоја голема грешка, трудете се за тоа да зборувате смирено и кога сте сами, а не пред другите луѓе.