Во станот живееме со уште 100 различни “видови кираџии” кои нè прават поздрави

1592

Колку и да чистите, имате околу 100 подстанари, покажа една студијата, а сега научниците се осврнаа и на тоа кој е под поголем ризик.

Покрај вас, во вашиот стан живеат околу 100 различни видови бубачки. Би рекле инсекти, но освен лебарки (насекаде), грини (каде и да има прашина) и молци (во кујнски ормани) има и пајаци, стоногалки …

Во нималку едноставна студија, ентомолозите прочешлаа 50 домаќинства, па на колена и со светилки собрале примероци од сите членконоги што можеле да ги најдат. Тие собрале повеќе од 10.000 од нив, а подоцнежните анализи утврдиле дека во секој стан има најмалку 100 различни видови.

Тепихот е вистинска мала шума

А сега научниците се потрудиле и се обидоа да анализираат како штетниците влегуваат во становите.

На кратко, ако имате прозорци и врати (и некако претпоставуваме дека имате), тепих и живеете на приземје, тоа е како да ги повикувате дома инсектите и други без’рбетници. Чантите се дополнителен фактор на ризик (особено ако ги одлагате на под). Изненадувачки, растенијата во станот и домашните миленици не прават голема разлика во бројот на инсекти, пренесува Atlas obscura. Дури и растурениот стан со ствари не игра голема улога – освен за неколку видови пајаци и членконоги на кои не им е грижа колку имате плакари, полици …

Секоја соба има свој екосистем

„Само што почнавме да разбираме и да проучуваме како домот кој го создаваме истовремено претставува комплексно живеалиште за инсекти и други живи суштества“, вели водачот на студијата Misha Long.

Тој посочува дека како што и ние правиме различни работи во различни простории, така има и различни екосистеми во различни делови од станот. На пример, во дневната соба се дружиме со книжни молци, вински мушички, бубамари и многу други, додека во бањите тие се многу помалку разновидни. Во подрумите има бубачки и стоногалки, во кујна молци и домашни муви …

Тие нè прават поздрави

Но, научниците истакнуваат дека не треба да се грижиме премногу за тоа, напротив, овие несакани кираџии нè прават поздрави.

„Постојат сè поголем доказ дека некои од нашите современи болести се предизвикани од намалена изложеност на биолошка разновидност, особено микроорганизми, а инсектите можат да играат важна улога во ширењето на разни микроби во домот“, истакнува една од авторите на студијата, Michelle Trautwein.