Бомбите во Киев забележани и од сеизмолозите

1188

Мерната станица во близина на Киев забележала земјотрес во мугрите на 24 февруари. Но, тоа не бил земјотрес, туку тресење на земјата од бомби кои паѓале во близина.

Нападот на Русија врз Украина не само што одекна во јавноста и медиумите, туку е снимен и со сеизмолошки инструменти.

Станицата на Глобалната сеизмолошка мрежа, IU.Kiev, забележала скокови во тресењето на земјата, што може да се поврзе со почетокот на руските напади врз тој град. Податоците на Твитер ги објави американскиот сеизмолог д-р Kasey Aderhold, кој на тој начин се обиде да разбере колку се силни борбите во Украина.

Мерната станица, која се наоѓа северозападно од Киев, ги испрати најновите податоци пред една недела, по што замолкна. Дали станицата е сè уште во едно парче или е уништена во бомбардирањето и борбите, сè уште не е познато.

Меѓутоа, како што ситуацијата во Украина ескалирала и почнало да се загрозува нуклеарното оружје, се наметнува прашање дали сеизмолозите ќе забележат евентуален момент на детонација на такво оружје и како би можеле да го разликуваат од земјотрес.

Американскиот IRIS (Инкорпориран истражувачки институт за сеизмологија) појасни дека сеизмометрите ги снимаат сите движења на почвата, но со обработка на податоците тие можат да разликуваат природни од човечки причини.

Најлесен начин е да погледнете како изгледа сезимограмот. Бидејќи експлозијата се случува одеднаш и на едно место, сеизмограмот прво го бележи најголемиот потрес, а потоа се намалува. При земјотрес изгледот на линијата снимена со сезимограмот е нешто поинаква бидејќи поради движењето на тлото најсилниот потрес се забележува нешто подоцна откако започнал.

Треба да се напомене дека ова не е прв пат сеизмолозите да забележат експлозии со јачина на земјотресот. И неодамнешните тестови на еластичноста на воен брод во близина на брегот на Флорида, сеизмолозите забележале како земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала, и дека земјата се стресела пријавиле и многу жители на Флорида.