Короната го “краде” IQ-то | Голема студија открива: Луѓето кои прележале Ковид-19 се со намалена интелигенцијата!

407

Студијата го потенцира трајното влијание врз пациентите од сите возрасти и повикува на понатамошно истражување на оние кои живеат со долг облик на ковид.

Луѓето кои прележале ковид-19 може да имаат намелена интелигенцијата, според новото истражување објавено во списанието EClinicalMedicine.

Тоа е уште еден симптом на долга форма на ковид кој влијае на телото и мозокот, дополнително ја нагласува важноста од спроведување на долгорочни студии и проценка на сериозноста на ефектите на болеста.

Студија на  Imperial College London, спроведена на 81 337 луѓе кои учествувале во онлајн проценка, како дел од големиот британски тест за интелигенција. Станува збор за клинички потврден когнитивен тест кој вклучува серија кратки мозгалици и прашалници, пишува IFLScience.

Од овие 81.337 лица, за некои претходно им било потврдено дека имаат инфекција на ковид, но не биле хоспитализирани, додека другите биле хоспитализирани со тешка форма на болеста. Резултатите се обидуваат да ја проценат нивната когнитивна способност, која потоа е споредена со целокупниот примерок за да се идентификуваат долгорочните ефекти на ковидот.

Когнитивни дефицити

Откако контролирале други фактори, вклучувајќи ги возраста, полот, образованието и првиот јазик, истражувачите откриле когнитивен дефицит кај оние кои претходно страдале од ковид-19, а состојбата била уште полоша во потешките случаи. Оние со респираторни проблеми на тестот постигнале полоши резултати од оние без респираторни проблеми, а забележан е и пораст на дефицитот кај оние кои завршиле во болница.

Иако постојат мноштво причини за овие резултати, научниците ги елиминирале збунувачките фактори како што се постоечки болести и сегашни симптоми на ковид. Откриле дека контролата над овие фактори нешто претерано не ги промениле резултатите.

“Ова не се работи само за долг ковид, туку за споредување на луѓе кои имале ковид со оние кои немале, без оглед на долгорочните симптоми. Повеќето луѓе кои имале ковид, тврделе дека се опоравиле, но околу 25% пријавиле трајни симптоми, односно долг ковид. Когнитивниот дефицит опстојува, без оглед на тоа дали постоеле трајни симптоми или не, и не зависи од времето поминато од инфекцијата со ковид. Ова сугерира дека тоа е долгорочен ефект. Исто така, не зависи од веќе постоечките здравствени проблеми”, напиша на твитер професорката Christina Pagel.

Значителни дефицити

Исто така, ова не се мали дефицити. Оние што биле на вентилаторот имале когнитивен дефицит од 0,47, додека други имале 0,27. За споредба, пациентите со мозочен удар имаат просечен дефицит од 0,24, и е повисок од просечната личност со потешкотии во учењето (0,38).

Најизразените дефицити кај пациентите кои преживеале ковид-19 биле расудување, решавање проблеми, просторно планирање и препознавање на целите, што се совпаѓа со претходните извештаи за „мозочна магла“.

Како и со сите само-пријавени податоци, треба да се внимава и при толкувањето на овие резултати. Пристрасноста на земање мостри може да игра улога, иако авторите на студијата се обидоа да го ублажат ова. Постојат и други фактори кои можат да имаат влијание околу невролошките проценки. Сепак, се чини дека студијата го потенцира трајното влијание врз пациентите од сите возрасти и повикува на понатамошно истражување на оние кои сега живеат со долгиот ковид.