Како да се ослободите од оси | Направете мамка за овие напорни инсекти и дознајте како најдобро да се заштитите

248

По долга и студена зима, природата почнува да се буди, но и оној делот кој на многумина највеќе им пречи – инсектите.

Пчели, оси, комарци и муви се несакани жители во куќите и становите. Некои од нив можат да бидат опасни затоа што пренесуваат разни болести и нечистотија, но можат да предизвикаат различни реакции кај луѓето. Ако сакате да имате безгрижна пролет и лето и да пиете кафе во мир на вашата тераса или балкон, научете како да се ослободите од осите.

Земјани оси

Галските оси кои не напаѓаат ги има наекаде , а нивните осила можат да се најдат на заштитени места на поткровја и тавани. Тие знаат да изградат осило и под балконот. Ае хранат со инсекти. Тие се риги, пипалата им се црни, а целите оси можат да пораснат и до 17 милиметри. Во гнездото остануваати до 140 единки. Галските оси се активни од мај до октомври.

Низ цела Европа се појавуваат шумски оси, иако многу ретко. Тие не се агресивни и најчесто градат гнезда во крошни на дрвјата или во грмушки. Помирни се и не напаѓаат. Се препознаваат по вертикалните жолти риги. Овие оси се малку поголеми – можат да пораснат и до 25 милиметри.

Внимание при контрола на осите

Пред да одлучите да се ослободите од оси, обидете се да идентификувате дали е опасен вид или не. Ако препознаете дека во близина на вашата куќата има оси земјарки, бидете многу внимателни и не обидувајте се да направите нешто нагло. Имајте на ум дека ако ги попрскате со некој агенс, сите оси ќе вознемират и цел рој ќе се крене.

Исто така, ако дојде до убод, веднаш оддалечете се бидејќи мирисот од убодoт ќе привлече други оси. Ако наидете на голема оса, бидете многу внимателни и во тој случај јавете се на експерти за дератизација за да избегнете неочекувани ситуации, убоди или реакции. Уништувањето на оси и други слични инсекти мора да се изврши многу внимателно и ограничено за да не се убие корисен вид пчела, оса или бумбар.

Како да се ослободите од оси?

Покрај тоа што може да се користат средства за репеленти и спрејови против оси и други инсекти, постои и безболно решение.

Земете шише од 1,5 – 2 литри и направете дупка во неа. Подоцна ќе го пресечете тоа шише на половина низ таа дупка на два дела. Истурете пиво или малку сладок сок во дното на шишето. Исечете го шишето и покријте го првиот дел со горниот дел од шишето што го исековте, но свртете го наопаку. Осите многу сакаат слатко, а ги привлекува и пивото затоа ќе летаат околу тоа шише наместо да летаат околу вас и да ве вознемируваат. Така, ќе паднат во таа течност и ќе бидете безгрижни.

Земете ги на ум овие работи:

  • осите не сакаат црвена боја
  • ги привлекува жолта и бела боја
  • ако осите ви се приближат не мавтајте со рацете, тие напаѓаат само во одбрана
  • осите не го поднесуваат мирисот на еукалиптус, нане и пелин
  • ако добите убод од оса, на тоа место ставете мраз, оцет и сода бикарбона