Што ќе се случи со вас ако имате нередовен секс?

332

Нередовен сексуален живот не е само суша на љубовен план и на сексуално подрачје, туку претставува и потенцијална причина за низа проблеми.

Запознајте се со нив и делувајте превентивно.

Бидејќи секојдневно сме бомбардирани со многу сексуални истражувања, најверојатно повеќето знаат дека сексот е добар за менталното и физичкото здравје на човекот.

Но, што се случува ако во вашиот сексуален живот сексот не е редовна појава?

И овој пат решивме да се потпреме на научни истражувања и да откриеме како на луѓето делува нередовниот секс. Судејќи според податоците, не е баш на арно.

Депресија

Ако сексот нè прави да сме посреќни, тогаш е многу логично дека неговото отсуство нè прави депресивни. Тоа го докажале научниците од Универзитетот во Флорида во минатогодишното истражување. Според нивните откритија, луѓето кои не уживаат во редовен секс (намерно или под сила на приликите) често запаѓаат во депресивно расположение, а колку епизодите на расположението се почести, толку е поголема шансата дека им се случи сериозна депресија. Целибатот, значи, не е пријател на менталното и емоционалното здравје на луѓето.

Инфаркт

Повеќе од 10 научни студии во изминатата деценија потврдиле дека редовниот и квалитетниот секс се поврзани со здравјето на срцето. Секоја физичка активност е важна за здравјето на срцето, но сексот носи многу предности, бидејќи, како што истражувачите појасниле, освен физичката активност, помага во лачење на ‘добрите’ хормони кои благотворно влијаат врз човековото здравје во целина.

Заклучокот на минатогодишното истражување на американските научници е всушност многу едноставен: колку човекот е активен во сексуалниот живот, толку е помала можноста да доживее срцев застој или срцев удар, бидејќи срцето станува посилно.

Продолжува на страна 2