Исклучително ретка вазна пронајдена во кујната, а чини 1,200.000 фунти

1524

Исклучително ретка кинеска вазна од 18 век, која пред четириесет години го чинела својот сопственик само неколку стотици фунти, сега може да се продаде за 1,200.000 фунти.

Станува збор за вазна висока малку повеќе од половина метар, сина, украсена со сребрени елементи, позлатена и направена како украс за дворот на императорот Кианлонга.

Вазната е украсена со кранови и лилјаци, кои се симбол на просперитет и долговечност, а ја купил англиски хирург во 1980-тите.

Подоцна, како што пишува Би-Би-Си, му ја дал на својот син, кој не разбирајќи ја неjзината вредност, со години ја чувал во кујната. Дури кога за време на посета случајно ја забележал специјалист за антиквитети, била откриена вистинска вредност и историја, а аукциската куќа Беркшир наскоро ќе ја стави на аукција.

„Откритијата од овој тип се многу ретки“, рече Марк Њустед, специјалист консултант за азиска керамика и уметнички дела, за Си-Ен-Ен, додека аукциската куќа изјавила:

„Исклучителниот квалитет, монументалната големина, како и нејзината фина декорација навистина направија ова уметничко дело да достигне висока вредност.