САРАЕВСКИТЕ РОМЕО И ЈУЛИЈА | Бошко и Адмира прегрнати заминале во смрт | Телата им лежеле осум дена на мостот. Причина? Биле на „ничија земја“

2171

Србинот Бошко Бркиќ и Бошњачката Адмира Исмиќ загинале пред точно 29 години, на 18 мај 1993 година, додека се обидувале да побегнат од Босна и Херцеговина разурната од војна.

Бошко и Адмира биле убиени од снајпер на мостот Врбања, а сликата на нивните мртви тела како лежат прегрнати го обиколи светот. Нивните тела лежеле на мостот осум дена бидејќи биле на „ничија земја“. На крајот, Армијата на РС ги погребала на гробиштата Лукавица, а родителите на Адмира ги префрлиле нивните тела во Сараево по војната. Адмира и Бошко се погребани еден до друг на гробиштата Лав во Сараево. За убиството на Бошко и Адмира досега никој не преземал одговорност.

Како започнала љубовта

Бошко и Адмира се родени во 1968 година, а се запознале на Олимпијадата 1984. Кратко се дружеле, набрзо се заљубиле и планирале свадба. Во 1986 година, таткото на Бошко починал од срцев удар. Бошко потоа заминал на отслужување на воениот рок во Србија. Ниту тоа младиот пар не го разделил бидејќи секој ден си се допишувале. Ова се речениците од нивните писма:

„Најдрага моја Адмира, секоја вечер кога си легнувам не можам да спијам затоа што мислам на тебе. Љубов моја, ти си единствената среќа што ја имам…“

„Драга моја љубов, Сараево ноќе е најубавото нешто на светот. Можеби би можела да живеам на друго место, но само ако бидам принудена. Остана уште малку време додека до моментот кога повторно ќе бидеме заедно. После тоа, ништо нема да може да не раздели…“

„Најдрага моја Адмира, многу ми недостигаш и не можам ни да ти опишам со зборови. Сега, целиот мој живот се сведува на денот кога ќе го отслужам мојот воен рок и кога ќе те видам повторно…“

Љубовта е посилна од смртта

Кога животот на Бошко во Сараево станал тежок поради војната, тие решиле заедно да го напуштат градот. Иако се било договорено, преминувањето на мостот кај Врбања на 18 мај 1993 година било кобно за нив.

Првиот куршум го погодил Бошко, а вториот Адмира. Иако болно смртно ранета, Адмира успеала да доползи до Бошко и да го прегрне. Неколку минути подоцна таа починала покрај него. Двете страни осум дена расправале кој ќе ги преземе телата и меѓусебно се обвинувале за смртта на Бошко и Адмира.

„Бошко и Адмира оделе најмалку 500 метри по десниот брег на Миљацка, целосно изложени на очите на војниците од двете страни. Откако ја преминале линијата под контрола на босанската страна се упатиле кон населбата Грбавица, под контрола на Србите, некој ги погодил“, напишал американскиот воениот репортер Kurt Schork, кој ја раскажал приказната на светот за нивната трагична љубов.

Љубовта на парот прерасна во легенда

Неговата статија ја објавена од Reuters на 23 мај 1993 година, го обиколи светот и љубовта на Бошко и Адмира ја претвори во легенда.

Нивните тела лежеле на мостот осум дена бидејќи биле на „ничија земја“. На крајот, Армијата на РС ги погребала на гробиштата Лукавица, а родителите на Адмира ги преселиле нивните тела во Сараево по војната. Адмира и Бошко се погребани еден до друг на гробиштата Лав во Сараево.

Интересно, откако новинарот на Reuters, Kurt Schork, бил убиен во Sierra Leone 2000 година, неговата пепел била поделена на два дела. Еден дел е закопан до неговата мајка во Вашингтон, додека другиот дел до гробот на Бошко и Адмира во Сараево.