Froggy е нова секс поза, одлична за женското здравје и задоволство | Видео

486

Некои работи во животот се толку добри што сакаме да ги правиме на ист начин, одново и одново, без многу промени.

Според експертите, сексот не е еден од нив. Интимноста е исклучително важна за силни и стабилни врски, а ако веќе напамет знаете како ќе изгледа сексот со долгогодишниот партнер, тогаш ќе дојде до сатурација (заситеност).

Испробувањето различни секс пози може да направи чуда за вашата врска. Експертите сметаат дека на тој начин се развива доверба меѓу партнерите, а довербата е клучот за успешна и долга врска. Ако сте уморни од мисионерски, каубојски, лажички или кучешки, обидете се со жаба поза.

Froggy – поза за новите страници на Кама Сутра

Научниците, проучувајќи ги бизарните сексуални навики на водоземците, откриле иновативна сексуална поза за која веруваат дека ќе го промени концептот на женското задоволство. Ова истражување може да послужи како инспирација за нова страница на Кама Сутра.

Станува збор за варијација на добро познатата обратна каубојска поза. Мажот седи на работ од креветот, со стапалата цврсто засадени на подот. Жената треба да седне на него, со свртен грб, а нозете да ѝ бидат широко раздвоени и споени во петите.

Инспирацијата за оваа поза доаѓа од јогата, која има бројни придобивки за нашето здравје. Оваа поза е одлична за циркулација, помага при болки во колковите, хемороиди и му помага на дигестивниот систем да функционира нормално. Жената во жаба поза е во преден план, па може да влијае на сопственото задоволство со тоа што ќе ја преземе контролата и ќе го одреди темпото.

Забавен, пријатен и различен секс

Ако преферирате doggy, обидете се со друга интересна поза – leapfrog, што во превод значи скок. Иако е инспирирана од скокањето на жабите, оваа поза не вклучува прескокнување преку партнерот за време на секс. За да уживате во оваа поза, треба да се спуштите на колена и раце, како во кучешка поза, но треба да го потпрете челото на креветот додека ги кревате колковите во воздух.

На овој начин можете да го обезбедите најмоќниот секс досега. Идеален е за парови кои уживаат во подлабока пенетрација. Тоа е забавна, удобна и различна поза, а ако додадете перници, ќе имате незаборавно искуство, вели Janet Brito, клинички психолог и секс терапевт во Sexual Health Center of Hawaii.