Марихуана за редовен секс

1741

Д-р Мајкл Ајзенберг асистент на професор по урологија во медицинскиот центар на Универзитетот Стенфорд, редовно се среќава со пациенти кои имаат проблеми со сексуалниот живот.

Бидејќи марихуаната е легализирана во се повеќе држави, тоа го навело на истражување за поврзаноста на марихуаната и сексуалниот живот на своите пациенти.

Со оглед на тоа дека постојат многу истражувања на таа тема, д-р Ајзенберг се водел од мислата дали тоа е вредно за истражување. Но, резултатите, објавени во овогодишното стручно списание Sexual Medicine, го изненадиле – редовните конзументи на марихуана имаат поредовен секс.

„Обично луѓето тргнуваат од претпоставката дека почестото пушење е лошо за нивниот сексуален живот. Меѓутоа, дознавме дека е спротивно“, вели Ајзенберг.

Со истражувањето анализирани се податоци на Националното истражување на семејниот раст на САД, во кое се вклучени повеќе од 28.000 жени и речиси 23.000 мажи. Испитаниците, меѓудругото, одговарале и на прашањето колку често имале сексуални односи во текот на четири недели и колку често користеле марихуана во претходната година.

Жените кои не користеле марихуана одговориле дека во просек имаат шест пати секс во тек на четири недели. Просекот на жените кои пушеле марихуана е 7,1 пати.

Трендот е сличен и кај мажите, па така оние кои не конзумираат марихуана имале секс 5,6 пати во тек на четири недели, додека оние кои пушат марихуана имале односи 6,9 пати.

Истражувачите се изненадени од резултатите, а додаваат дека не биле битни другите параметри, како брак, раса итн.

Според Ајзенберг ова истражување како и некои други покажале дека употребата на марихуаната може генерално да го зголеми возбудувањето. Но, тоа покажало и дека премногу марихуана може да ја намали функцијата на сперматозоидите.