Потребно
- 1 пакетче подготвено тесто за пица
- 200 г доматно пире
- маслинки
- 1 кромид
- 2 лути пиперки
- 200 г шунка
- 200 г кашкавал
Подготовка
- Поделете го тестото на две половини.
- Расукајте ја прво едната, а потоа другата врз набрашнета површина.
- Со помош на чаша исечете кругови.
- Намачкајте го секое со малку доматен сос, ставете ситно сечкани билки по ваш избор, се сече шунка, кромид, маслинка, лута пиперка и конечно рендан кашкавал.
- Наведените состојки се само дел од она што може да се стави на вашите пици, дајте слобода на вкусовите.
- Печете во тави, врз хартија за печење во загреана рерна на 180 степени.
//